Јас им ставам само еднаш на гумите пред да ги складирам, кога ќе се монтираат следен пат во сезона не им ставам од спрејот (после секое перење на колата како што викаш).
Само што јас кога ставам од спрејот стварно ставам, ги топам гумите во него што се вели, убаво нанесувам додека не се натопи со спреј секое каналче, баш онака убаво. Не ставам само на ѕидот на гумата, туку целата гума ја поминувам, како ѕидот, така и нагазниот слој (какои и внатрешната страна).
Ако се нанесува на гумата после секое перење на колата, значи само на ѕидот, сигурно ќе трае многу повеќе. Мене најмногу ми иде од спрејот кога нанесувам на нагазната површина.