Автор Тема: Radio MP3 auto AKAI ACA-601UR, преработка од 4 на два канали  (Прочитано 3289 пати)

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Појачалото внатре е TDA7377, радиото стандардно има 4 x 7W, USB слот и слот за SD картичка.
Има просечен кон попдросечен звук, но затоа цената е прилично евтина. Таман за некој што не му треба ништо посебно а сака да слуша музика од МР3 (SD картичка или од стик) или радио.
Значи да повторам, ова не е аудифилски уред туку евтин солиден уред што си ја врши работата. (мене ме кошташе некои 1600ден)

Мојот Гољф3 има само стерео озвучење, решив да направам бриџинг на појачалото на радиото. 7W по канал мене ми е доволно ама да кажеме дека немав попаметна работа. Резултатот беше стерео излез со 20W по канал.

Пошто верувам дека има и други што им треба евтин уред, сакав да укажам на ова радио и на можноста да се преправи од 4 на два канали (со поголема јачина).

Прво шемата;
http://www.alldatasheet.com/datasheet-pdf/pdf/82979/STMICROELECTRONICS/TDA7377.html


Целата работа се сведе на две крати спојувања на плочката и потоа соодветно преврзување на излезите. Додадов и еден помал алуминиумски хитсинк, за поефикасно ладење на појачало-чипот.
Следат сликите:






Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Radio MP3 auto AKAI ACA-601UR, преработка од 4 на два канали
« Одговори #1 на: 20 Август 2013, 21:47:02 pm »
Шема од бриџингот:


Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Radio MP3 auto AKAI ACA-601UR, преработка од 4 на два канали
« Одговори #2 на: 20 Август 2013, 22:08:46 pm »
Многу ретко вака да можеш да бриџуваш радио за во кола

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Radio MP3 auto AKAI ACA-601UR, преработка од 4 на два канали
« Одговори #3 на: 20 Август 2013, 22:46:27 pm »
Зависи од појачалото.

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #4 на: 21 Август 2013, 01:38:05 am »
Оваа е од оние ефтините кинески што ги има на зелен пазар.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Radio MP3 auto AKAI ACA-601UR, преработка од 4 на два канали
« Одговори #5 на: 13 Септември 2013, 18:30:07 pm »
Дап, кинез е, го одкупиле бредот на АКАИ.
Ама не е пазарски туку од продавница и солидно дрнда. За парите повеќе од доволно, посебно од кога го бриџував. Со мемориска од пар стотина денари добиваш МП3 минутажа повеќе одошто професионален шофер вози во неколку смени. Во спротивно брцаш УСБ стик. Радио тјунерот е гратис... што повеќе сакаш за нецели 30тина јура? :)