проект? мало сутра проект... промена на дискови е лесно како песна...
вчера идам кај мехатроника, викам дај да отвориме зглобовите да подмачкаме со свежа маст, ке возам летово бајаги, башка добил саме некоја нова специјална литиумска маст за лагери и зглобови, ај да туриме... ок вика мехатроника, креваме шифоњерот на дизалица, вадиме тркало, почињаме да симињаме зглоб и одедна оп.. пукнат диск... а јас ебаго, приметив дека нешто почна да ми тресе на кочење, знаев дека се дисковите при крај, ама мислев дека се искривил некој а не дека пукнал... и како усран гулуб, опрајвме зглобовите и денес во потера по дискови... на МИЉОН места се јавив и одговорот беше негативен за моментално и стално се вртеше некоја цифра помеѓу 180 и 250 евра за нарачка и чекање... меѓу последните по список што ми беа за барање, а да идам кај нив директно пошто немав телефон беше оној во сингелиќ зеро кај што ми рече да идам крис и томи или како и да му беше името, не е ни битно името, а прв за посета...
влагам внатре, добар ден, еве сообраќајна, дискови ми требаат... типот (постар господин, после сватив дека е газдата уствари) отвори книга една, најде шифра, трак-трак-штрак на компјутерот, се врти и ми вика НЕМАМЕ, А НЕ СМЕ НИ ИМАЛЕ А 15 ГОДИНИ РАБОТИМЕ... ок, го гледам чоек на место, и му велам дај друже, можеш ли да видиш овој диск на што паше, друго да го барам... ок, пак на компјутерот стиска по парт намбер и излага само волво ебате и ништо друго... и во еден момент типов вика чек чек чеееееекааајм малку... па јас имав волво 850 турбаш (тишина 10 секунди, зјапа во списокот) се оклешти од уше до уше, само секунда ми вика, отиде у магацин, се враќа и ги тура дисковиве на маса... абе друже, ми вика, јас на времето пред 10-15 години си ги купив овие дискови за мене, за моето волво, колата ја продадов, дисковите неупотребени ми останаа, затоа и ги нема на лагер а никој не ми ни побарал и во магацин се од тогаш... уште кога ги видов феродо дека се, во тој момент и јас се насмеав од уше до уше, кажи цена бе друже? АБЕ.. се подазмисли дај 100 евра и носи... хахаха... на 100 евра, дај дисковите... како ветер низ врата сакав да излезам и он од таму чеееекаааајјјј... имам јас уште нешто, е ај да видам што, ми извади гуртни за рачна, оригинална сајла за гас, задни дискови... охохооо.. ги чувам вика на рафт, гледај, 2 прста прашина има, за мене сум ги зел, затоа и на лагер ги нема... ок викам, дисковите сега, за 15 дена гуртните ке ги земам, а за другото ке размислам, не е лошо да ги имаш на лагер... рачната ионака неми работи подолго време, си ибаа матер гуртните...
и така, трк кај мехатроника, волвото инстант на дизалица и еве:
еве ги господата дискови
па демонтажна тркало
еве го проблемот
па чиракот на мехатроника уклучи тоа пнеуматиката да подазчисти позади дисковите 15 години талог и корозија
и ете го
за моја среќа, пред неполн месец мењав плочки и тоа баш феродо беа, така да малку само со шмиргличка одозгора ги поминав и назад на дискови... сега сум среќен...
а за цело време овој:
рацете или позади глава или на ку*от ги држеше, со образложение дека не го занимаат такви ситници, сим можел јас и сам... мрш бе педер еден... добро, морам да го пофалам, дека за цело време не дозираше со кафе, сок и ладна вода.. а на крај иако јас платив, он набави пиво...