Секаде има најпаметни без разлика дали било Македонија или Финска. Според мое скромно искуство, нaјкултурно/смирено возење имаш во скандинавски земји. Тука конкретно зборам да давање предност, пуштање некој пред тебе ако ти даде жмигавец, чекање на семафор без свирење иако свети зелено итн. Опуштено возење што би се рекло.
Јас останав фрапиран, искрено подзинат од општата сообраќајна култура во Флорида, и тоа не само во главните фенси туристички центри, туку
и во руралните пољопривредни делови каде што странец ретко стапнува.
Пропуштање на жмигавец од прва, стрпливо чекање во километарски колони на излез од аутопут, почитување предност, секогаш давање предност на пешаци, возење по знаци (со вообичаените ретки исклучоци), паркирање на пропишани места, општа атмосфера на неџилитење. Се осеќав ко у Швајцарија, а не у реднек-кантри. Башка патиштата редовно одржувани, мазни, со уредно пиц потшишана вегетација пет метра од двете страни на коловозот, нема дупки, нема локви, нема свирење, нема чкрипки.
Све очекував, ама ова, најискрено, не.
Не знам што плачат американците дека инфраструктурата им била распад. Со што, на мајка им, се споредуваат? Со северна рајна вестфалија? Интерстејт 75, читав по интернет, бил еден од најлошите аутопутеви во америка. Го извозев ЦЕЛ, од границата со Џорџија све до доле до Мајами. Ако ТОА е најлошиот пут, тогаш... тогаш стварно не знам што да речам, освен „тибам штркот ти ибам“.