Секаде има најпаметни без разлика дали било Македонија или Финска. Според мое скромно искуство, нaјкултурно/смирено возење имаш во скандинавски земји. Тука конкретно зборам да давање предност, пуштање некој пред тебе ако ти даде жмигавец, чекање на семафор без свирење иако свети зелено итн. Опуштено возење што би се рекло.
Во Грција/Шпанија има многу добра развиена култура на возење непречено без креирање на непотребни метежи . Ограничување имаш 120 ама цепаш 140-150 и се тргаш на десно ако некој те помине. И се така си функционира беспрекорно.