Стигна и ново возило во мојата гаража кое по некоја намерна случајност пак е Меган
Значи се работи за последната генерација,како што нормално сите знаете на форумов.
Ова беше тест возило на АутомотивГруп,тие го поседуваа од 10.2011,притоа поминале 8200км. се до пред 3 дена,кога успеав после 2-3 месечно натегање и пазарење за моја среќа да падне во мој раце и да го паркирам во мојата гаража.
Епа да прејдеме на главното,се разбира Меганот.
Бидејки е нарачувано за потребите на импортерот,возилото е максимално опремено и мислам дека е единствен со ова ниво донесен кај нас досега,воопшто не штеделе на ништо околу додатоци.
Моторот е добро познатиот 1.5 дци 106 кс со 6 брзински менувач.
Списокот на дополнителна опрема е многу долг и мислам дека е непотребно се да набројувам,освен работите кои се навистина вредни да се спомнат.
Пакет GT LINE
*Додатоци во хром боја на браниците и ретровизорите
*Gt line браници
*Алуминиумски фелни 17" Celsium
*Помош при паркирање позади
*Предни RS Седишта
*Xenon светла кои ја пратат кривината и миење на фаровите
*Радио 3D Sound by Arkamys CD MP3 со Bluetooth и USB
*ESP+ASR
Дополнително од овој пакет е додадено
*Метална боја посебна
*Навигација Carminat Tom Tom + Картографија на Европа
*Систем за контрола на притисокот во пневматиците,автоматска паркирна кочница
во комбинација со картичка слободни раце и ел.преклопливи ретровизори.
Отприлика тоа би било тоа околу опременоста.
Искрено воопшто не бев загреан за овој модел со пет врати,изгорен и решен бев за купето ама кога видов дека просторот на задната клупа е мизерен и воопшто не употреблив,едноставно неможев да си дозволам таков луксуз да купам возило за двајца,се помирив со тој факт,легнав на брашното и ми остана да се надевам дека еден ден ќе возам и купе.
Доста ве замарав,еве некој слика,налепниците ќе бидат наскоро извадени.Нека уживаат тие што им се допаѓа возилово
Некоја понова слика
Офарбани пластичните лајсни на вратите во боја на каросерија
Некоја слика со зимскиот сет гуми и бандажи
Нови Слики
Зимскиот сет во портокалова боја
Значи во меѓувреме се напревени одредени модификации
*Клима Фолии
*Лајсните на вратите офарбани во боја на каросерија
*Зимски Сет(бандажи 16" и 205/55 гуми)
*Монтирани 2 Издувни Цефки
*Спојлер на задната врата
*Ремапирана на 130кс и 280нм
*H&R Спирали -35мм
*H&R Дистанцери +25мм
*Знаковите и буквите во црна боја
*Зимскиот Сет офарбан во портокалова боја
Списокот е отворен...
Еве и една споредба
Првиот ден кога ја земав
Денес
Има разлика,не да не
Аматерски измерени забрзувања и меѓузабрзувања