Од што сум пријатно изненаден:
1. Моторот. Умот цело време ми тераше накај 2.0 dci, пошто количево е малку тешкичко, но после едно демо-возење со четири души у кола (јас, жена ми и двајца вработени во салонот на „Нисан“) сите недоумици се изгубија: моторчево од 105 коња влече ко лудо! Малку ми фали мускулот на ултра-ниски вртежи со кој уживав на претходното ауто (1.9 SDI) али све је то ствар навике - се вози ко бензинец, на малку повисоки вртежи и тогаш лета! Никогаш не сум дошол во возачка ситуација во која сум посакал поголема кубикажа или коњи.
2. Држење у кривини и воопшто вожњата: подигнато ауто и интуицијата зборува дека ќе има занишување во кривини. Нема. И при поголеми брзини лепи на пат ненормално, ко фокус. На човек просто да му е ќеф да вози. Во споредба, Спортажот, РАВ4ката и Каптивата се ко брод на бура - ќе те фати морска болест. Ова е ко да возиш најнормална ниска кола и тоа добра.
3. Удобноста и квалитетот на изработката унутра. И после 60.000 километри нема никакво крцкање на никаква пластика унутра - исто како кога беше извадена од салон.
4. Способноста надвор од асфалтот. Да, има погон само напред, но амротизерите имаат голем од, целата кола е бааги подигната, така да нема ситуација во која не се снашол а, верувајте, го тестирав :-) Oткажува послушност само на стрмни угорници со растресите подлога, онаму каде што и вистински теренци (каков што нисанчево никако не е!) ќе имаат проблеми.
Од што сум непријатно изненаден:
1. Бучноста на подвозјето. И на мали нерамнини подвозјето произведува звук. Звукот не е интрузивен и не звучи патолошки, така да човек брзо се навикнува и не пречи, но сепак не е царство на тишината ко, на пример, пасат или мондео. Моторот, од друга страна, е скоро перфектно изолиран и внатре човек треба да се сконцентрира убаво па да примети дали е бенизнец или дизел.
2. Брзината со која се трошат пакните на кочниците. Изгледа дека е тешка колата, па повеќе страдаат.
3. Цените на резервните делови и редовните сервиси во „Нисан“. Не се нормални, само тоа ќе кажам. Тоа е најобичен грабеж. Пред време се откажав од гаранцијата само за да не морам да им плаќам дрско големи суми за секакви баналности.
Дали би купил пак вакво ауто? Мислам дека.... сепак да! Феноменално се вози, а дури и при екстремно долги релации воопшто не се замарам ни јас како возач ни патниците. Мене ми е идеално фамилијарно ауто.