Леси се врати дома.
Вчера вечерта конечно ја земав од мајсторот.
Еве како вели рачунот:
-1750 дихтунг глава;
-1050 дихтунг на поклопец;
-350+480 дихтунг на усисна и издувна грана;
-4400 подизачи;
-3950 вентили;
-480 семер. вентили;
-1600 воѓици;
-2200 ребраст каиш Dayco;
-1400 затегач;
-2500 затегач;
-1600 уље Wurth 10W-40 5L;
-250 филтер за уље;
-4500 работна рака; Вкупно: 26500мкд
Пофалби:
-моторот посмирено работи во место, нема тропања како порано, него како саат си работи сега.
-мирна глава би требало да имам па најмалце едно 60000-70000км
Поплаки:
-еве слика од капакот на моторот од порано:
и еве од сега:
целиот е искривен и мааалце напукнат кај држачите.
цела кола позади ми е од отисоци од мрсни раце, од уље.
али тоа можам и да го занемарам, небитно.
Колата сега ми е потромава, не е толку жива како што беше порано, како да има 60-70кс а не 90.
Забележав дека многу повеќе чади позади за разлика од порано.
Има еден карактеристичен звук на режење метал со метал или незнам како да го опишам на околу 2100 обртаи во трета, четврта брзина и во петта не сум сигурен.
Како и да е, меракот како да го изгубив по малку за колата, но што е тоа е.
И фали едно добро перење комплет, и газење без да ја жалам многу многу, колку пари фрлив по неа.
Јас да сум жив и здрав. Железо се прави, се продава и се купува „ново“.