Има, како нема. Златна Рака и уште неколку други компании низ Скопје прават powdercoat.
За рамка од велосипед ми побараа 10 евра, што е ултра ефтино, и споредбено со тоа паушално си направив цена од 20 евра по бандаж.
Имаат услов металот да го исчистиш од секаква претходно водено нанесена боја и после тоа да го обезмастиш, и така да им го однесеш. За челични бандажи е прекрасно, за алуминиумски, ваква мушка работна рака ко што правиш ти секогаш ќе биде далеку подобра варијанта.