Од долу ако го изолираш подот, е како во зграда да ставаш надворешна изолација на само еден стан (што нема ни логика ни учинок). Пошто ѕидовите се ладни и подот е топлински ладен мост кон ладните ѕидови, па и самиот е (скоро исто толку) ладен. Затоа треба изолацијата над подот исто како што ѕидната изолација мора да биде внатрешна, елиминација на топлински мостови.
Но нејсе. Ако гледаме финално решение... Практично ако се исполнети следниве услови:
- ако плафонот е доволно висок за да може да се потрошат 10-тина + сантиметри висински
- ако носивоста за додатна кошулица не е проблем (а додатна бетонска кошулица тежи)
- ако парите не се поголем проблем во однос на потребите
Тогаш со топлинска пумпа воздух вода природен избор е
топловодно подно парно каде под новата кошулица ќе се стави стиропор/стиродур и во новата кошулица ќе се вградат алуплекс цевките за топловодно подно парно греење. Ем изолација, ем најефикасното греење со пумпа воздух вода... Ем не мора да прави озбилни зафати на плафонот долу на подолниот спрат - каде не е негово, и каде ќе треба да се работат прљави мајсторски работи, а и значајно да се намали висината на долниот стан. Сето што се работи кои може но не мора да му се согласат долните корисници/газди.
Пази разлики:
- за радијатори водата ќе треба да ја загрева од 60 до 80 с, второво е поверојатно со оглед на тоа дека цели 4 клими не го грејат доволно
- топлинска пумпа не загрева толку, ќе треба со електрични грејачи да ја догрева и од секој аспект ќе биде жив зијан (па дури и на 40-50 да ја загрева па да стави фенкојлери наместо радијатори, што е идиотска опција пошто добива пандан на внатрешни единици од клими, кои веќе ги има дома).
Но со топловодно подно парно греење водата ќе ја загрева некаде на ~24-27с или помалку, ќе има неспоредливо поголем СОР и неспоредливо помали сметки, а субјективното чуство ќе биде дека на ногите му е топло (тоа што најмногу му смета).
Ако подот е „гол“ од надворешната страна, тогаш тој мора да се изолира. Тој е главната причина за студени нозе. И високо монтираните клими за греење. Нека си остане климата горе за ладење, долу на ниво на „радијатор“ уште една. За греење. Па ако ептен е грч зима, двете, „стерео“. 
Или ова, економска верзија за да се зголеми ефикасност на климите - премонтирање на ниво на радијатор. Поевтино од дупли клими.
