Во секојдневието мое ќе менувам највеќе на 4500врт. , што да купам совает од тебе? Што боље тегне до тие вртежи?
Го прашав и Васил, не ми одговори, а стварно ме интересира бидејќи не сум возел TSI.
Добро е, почнавме да развиваме рационална и издржана дискусија.
за да ти одговорам на прашањето ја направив следната анализа:
1. Ги пресметав вртежите на излез од менувач за двата мотори во опсегот од 1000 до 4500 вртежи
2. Со зелено ги изначив оне полиња каде што моторите имаат максимален Torque односно вртежен момент. Бензинецот има од 1500 до 3500, дизелот има од 1750 до 3000 вртежи.
3. Со портокалова боја ги означив оние бројки кои ги врти моторот при промена од еден степен во друг, за полесен преглед на вториот график ги избришав вредностите кои што не ни требаат за да не бунат.
4. Со сина боја ги означив оние бројки каде што дизелот има максимална моќност од 150 коњски сили, односно во опсегот од 3500 до 4000 вртежи. Бензинецот во опсегот до 4500 вртежи не испорачува максимална моќност.
Двете возила се исти како во претходниот пост Golf VII 1.4TSI и 2.0TDI.
Почнуваме. Двете возила се паркирани едно до друго, палиме моторите ставаме во прва и тргнуваме со папучата до долу и шалтаме во повисок степен на пренос штом обртометарот покаже 4500 вртежи.
Прв степен на преносБензинец:
До 1400 вртежи се исти со дизелот. Потоа бензинецот влегува во подрачје на максимален Torque и почнува побрзо да ги врти вртежите од 1500 до 3500. Тоа значи дека стрелката на обртометарот ќе почне побрзо да се движи во споредба со стрелката кај дизелот, (Турбото повлекува на 1500 вртежи).
Дизел:
До 1400 вртежи е ист со бензинецот. Потоа бензинецот бега понапред бидејќи го добива Torque-от од турбото порано. На 1750 вртежи дизелот го добива Torque-от од турбото, и стрелката на обртометарот се движи побргу од претходно се до 3000 вртежи. На 3500 вртежи дизелот ги добива максималните 150 коњски сили и до 4000 влече како луд. Во истиот период бензинецот веќе потегнал здраво, и совладал повеќе вртежи на обртометарот и е поблиску до 4500 вртежи за да смени во втора брзина.
Исход - прва брзина: Бензинецот побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во втора брзина споредено со дизелот. На пример кога бензинецот ќе смени во втора брзина на 4500 вртежи дизелот ќе врти со 4100 вртежи и ќе треба да совлада уште 400 вртежи за да може дизелот да смени во втора. Тоа значи дека бензинецот ќе дава 1190 вртежи на погонската осовина при 4500 вртежи, а во исто време дизелот ќе врти на 4100 вртежи и ќе дава 1088 вртежи на погонската осовина.
Втор степен на преносБензинец:
Моторот продолжува да влече од 2522 вртежи (во зона на висок Torque) и влече до 3500 вртежи, кога Torque-от се губи (турбото завршило со работа) и влече потромаво од 3500 до 4500 вртежи.
Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2340 вртежи (во зона на висок Torque) и лесно влече до 3000 вртежи, кога Torque-от се губи и вртежите од 3000 до 3500 ги совладува потромаво. На 3500 до 4000 добива максимум од 150-те коњски сили и повлекува повторно силно. Од 4000 до 4500 пак станува тромав.
Исход - втора брзина: Бензинецот повторно побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во трета брзина. Причината е во тоа што бензинецот има поголемо подрачје на Torque во овој пренос споредено со дизелот. Соодветно на тоа ќе му избега дополнително на дизелот за уште некое растојание. Разликата ќе се јави затоа што кога бензинецот ќе врти на 4500 вртежи, дизелот ќе врти отприлика на 3800-3900 вртежи. Поточно кога бензинецот ќе постигне 4500 за да префрлиме во трет степен на пренос, погонската осовина ќе врти со 2123 вртежи, додека дизелот на погонската осовина со 3900 вртежи ќе испорачува 1939 вртежи. Со други зборови бензинецот веќе видливо ќе бега пред дизелот.
Трет степен на преносБензинец:
Моторот продолжува да влече од 2887 вртежи до 3500 во зона на Torque, потоа до 4500 влече малку потромаво.
Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2892 вртежи и до 3000 влече во зона на Torque. Од 3000 до 3500 станува тромав, на 3500 ги достигнува 150-те коња и почнува да влече до 4000. Потоа од 4000 до 4500 влече врти потромаво.
Исход - трета брзина: Бензинецот во зона на висок Torque врти додека не совлада 663 вртежи и да стигне до 3500 кога Torque-от го нема, за разлика од Дизелот кој совладува само 108 вртежи во зона на висок Torque. Исто како и претходно бензинецот побргу стига до 4500 вртежи, побрзо уфрламе во четврта кај него. Соодветно на тоа дизелот веќе доцни и во моментот кога ќе достигне 4500 вртежи за да смениве во четврта брзина, бензинецот веќе си тера во четврта.
Четврт степен на пренос:Бензин:
Моторот продолжува да врти со 3408 вртежи, до 3500 врти лесно бидејќи турбото сеуште помага и испорачува солиден Torque. Потоа станува тромав додека не сврти 4500.
Дизел:
Моторот продолжува да врти со 3106 вртежи и е комплетно надвор од подрачјето на Torque-от. На 3500 вртежи ја добива максималната моќност од 150 коња и повлекува солидно. Во овој случај, дизелот е во поголемо подрачје со максимална моќност за разлика на подрачјето на Torque на бензинецот и тука може да ги врати сите изгубени метри од претходно кои ги доби бензинецот.
Исход - четврта брзина. Бензинецот губи снага, дизелот се засилува и ја анулира предноста што бензинецот ја направил претходно.
Пети степен на пренос:Бензин:
Моторот е комплетно надвор од подрачјето на Torque, почнува да врти со 3757 вртежи и завршува на 4500.
Дизел:
Оваа брзина е тотална глупост кај овој мотор и менувач, речиси е идентична со четврта. Моторот почнува да врти со 4448 вртежи и веќе на 4500 менуваме во шестиот пренос. Кога јас би возел би уфрлил директно во шестиот степен на пренос. Оваа брзина би ја прескокнал.
Исход - петта брзина: Мртва трка би рекол, додека бензинецот се обидува да стигне до 4500, дизелот без потреба врти во овој степен, реално не добива ништо. Тука дизелот ќе смени побргу во шестиот степен на пренос за разлика од бензинецот.
Шести степен на пренос:Бензин:
Веќе доцни во споредба со дизелот во однос на шалтање на степенот на пренос, надвор е од подрачјето на Torque, тромаво ќе стигне од 3820 до 4500 вртежи.
Дизел:
Дизелот продолжува да врти со 3767 вртежи и до 4000 вртежи влече солидно затоа што е во подрачје на максимална моќност. Потоа повторно станува тромав до 4500.
Исход - шеста брзина: Дизелот ќе избега пред бензинецот и ќе крене поголема брзина порано од бензинецот.
Заклучок:Во подрачјето до 4500 вртежи, бензинецот е подобар во 1,2,3 брзина (степен на пренос), во четвртиот степен на пренос се рамноправни, и дизелот покажува заби во 5 и 6 брзина (степен на пренос).
МНОГУ БИТНО да се напомене дека во оваа споредба бензинецот во ниту еден степен на пренос не ја добива максималната моќност бидејќи таа ја добива од 5000 до 6000 вртежи. Тоа го става бензинецот во по нерамноправна положба во однос на дизелот во оваа споредба. Но и покрај тоа дизелот неможе да го совлада бензинецот во 1,2 и 3 брзина, кои се најчесто користени во градски услови. На отворен пат до 4500 вртежи дизелот ќе доминира бидејќи е подобар во 5 и 6 степен на пренос.
Според тоа бензинецот ќе биде морален победник во споредбата, но дизелот ќе биде крајниот победник.
На крај морам да напоменам дека оваа споредба ја правиме во подрачје до 4500 вртежи кое е речиси 500 вртежи помало од максималниото работно подрачје на дизелот кое е некаде до 5000 вртежи. Што значи дизелот го дава својот максимум. Во исто време бензинецот не е искористен целосно затоа што има резерва од 2000 вртежи од работното подрачје на моторот (до максимални 6500) кои се неискористени и каде што бензинецот сериозно ќе го исплеска дизелот.
Во режим на нормална експлоатација и менување на брзините без да се ограничуваат моторите на 4500 вртежи, дизелот ќе изгуби.