Вака господо. Прво воопшто не бев скептик во видеото, ама Fic посочи на 2:26. Од тој дел може да се заклучи дека во интервалот од 2:33-2:36, лансерот во ПРОСЕК вози некаде околу 330-350км/ч!!!, ако се земе предвид дека стандардот за поставување на светлосни бандери е точно 50 метри. ДЕФИНИТВНО тој дел е убрзан!
А сега малку контра реплика на паметњаковците од youtube кои онак ги постираше:
Mоторот како прво не е МИТСУБИШИ (4G63) или било што, што може да се најде и купи во продавница. Речиси СИТЕ ДЕЛОВИ се од производители за делови за Ф1 мотори, почнуајќи од клипњачите (титаниумски F1 design) кои коштаат околу 3000 фунти КОМАД, CNC блок( 20.000фунти), CNC глава, титаниум вентили, клипови, итн итн...
И за крај, горивото е на база на метанол, богзнае какви карактеристики има...