Ланче имам менувано во сервис по неколку месеци откако ја купив и тоа по нивно „инсистирање“ дека морало да се смени, а под глупиот изговор дека така им било препорачано/наредено (како сакате) од Опел од Германија за овој тип на возила од оваа година и овој модел на мотори. А ребрастиот каиш не е променет воопшто. Во секој случај малку повеќе од „ентри левел“ сум запознаен со автомобилов како што минуваа годините. Но како и да е сепак сакав мислење и од далеку поискусни како сите вас на форумов.

п.с. Колку само за илустрација, пред да го менувам ланчето на моторот, со првото (фабричкото) успеав да поминам 600 км со еден резервоар. За жал после смената на тоа ланче со друго се намали бројот на извозени километри со еден резервоар. Меѓутоа, и покрај таа промена јас до денес еве терам со ова ланче без никакви проблеми (со исклучок на намалениот број извозени километри со еден резервоар).
Се извинувам за ова „оф топик“ појаснување.