Во однос на гимнастика на овластени сервиси на возила, јас ете знам дека ама баш сите прават гинастики. Генерално прават секаде во Европа.
Што се однесува до сервисот на Порше, сакале ние да признаеме или не, што и да прават, и како и да прават, сепак се број еден сервис компарирајќи ги со сите останати.
За 2 дена максимум има дел во Скопје ( еден ден е ако се направи порано нарачка ) на што не може да се пофали ниту еден друг сервис. Дека има непрофесионализам и таму, има секако, кај одредени поединци, ама дека општата работа им е најдобра, мислам дека сите ке се сложиме.
Она што како долгогодишен нивни корисник ( воглавном секогаш задоволен на услуга и професионалност а и цена ) приметувам дека мораат ( а не сакаат да пљукнат пари ) да отворат уште најмалку еден сервис на друга страна на градот, поради гужва секако, а има една фела на неработници во менаџментот, кои глумат памет, а не знаат гз да си избришат. Среќа таквите профили многу позитивно ги покриваат млади и ведри дечки, а тие се провелкуваат низ системот.
Со оглед дека ги познавам, слободен сум позитивните дечки да ги набројам по име или по опис:
Игор Електрика, Коки Гаранции, Тони и целата продажба ( без самобендисаниот директор, кој упорно тврди дека курсот на Еврото е 61,8 и тоа било политика на фирмата ), Александар бренд VW одговорен, најуслужниот Перо на прием, секако шефот Ѓоко ( душа дава за да среди се во сервисот ), Трајче на прием во Ауди, Марта во продажба на Ауди ( за разлика од шефот нејзин Винко, кој ми остави очаен впечаток, и не сваќа дека Ауди се продава поради тоа што е Ауди, а не поради тоа што он е голем фраер у маало).
Генерално, мислам дека Порше сеуште се држи, ама мора да претрпи кадровска промена. Награда за добрите, казна и промена за лошите, впрочем како секој друг нормален Порше во сите држави. Тој што ја креира кадровската политика во Скопје, тоа го прави очајно и делумно страдаат и добрите, а очигледно баш тие ја губат мотивацијата за работа.
Другите сервиси и увозници, а познати ми се повеќето, не би ги коментирал, најмалку 3 класи се под Порше. Коа ке ми текне дека Лимарскиот сервис во Тојота 3 пати префарбува крило утнувајќи нијанса ( за која има код ) или 6 недели испорака на жмигавец у БМВ, не ми се праи муабет.