Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 2960100 пати)

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
колку повеќе и понапредни безбедносни системи, толку идиотите посигурни во себе

Поточно здравје, и не само идиотите, сите стануваме помрзливи и полоши возачи. Ептен не направија мрзливи колите.

Кој како си ги сфаќа системите... тие треба да ни помогнат во возењето, а не да не заменат и да не направат пасивни... барем јас така си ги сфаќам...

Досега неколку пати ми се нашле во возењето... неколку примери:
- side assistant - и покрај тоа што постојано пратам ретровизори, ми се погоди од десно, во мртов агол да имало кола околу 500 метри која возела со мене... освен што предупредува светло на ретровизор за неа, при обид за префрлање на лента и воланот дава отпор за да те врати во лента...
- front assistant - и покрај држење на поголемо растојание, нагло застанување (обично на места каде што не ни очекуваш тоа да го направи) на тие пред мене, системот реагирал пред воопшто да сум можел да ја регистрирам ситуацијата... прво со звучен сигнал, после и со самостојно кочење... п.с. системот не реагира на возила кои идат од спротивен правец, само ги прати тие пред тебе, посебно ако нагло успорат...
- автоматски светла, автоматски бришачи, автоматско затемнување на реетровизори... е овие системи те прават пасивен за нивно користење, ама на позитивен начин. Место да губиш време за нивна постојана контрола, ги оставаш сами да си работат, а ти го зголемуваш твоето внимание на патот и сообраќајот...
- matrix светла - екстремно корисно, посебно при возење на регионални патишта. Цело време возиш со долги светла, само се затемнува делот на возилата пред тебе. Видливоста е екстремно подобрена, имаш кола пред тебе, а долгото светло свети покрај неа, без да и смета, а го осветлува странично патот далеку пред неа за да не налеташ на непредвидлива ситуација...
- parking assistant - екстремно корисно за коли, а и за пешачи кои тие се движат позади/странично од кола. Ги регистрира и покрај тоа што не ги гледаш ни на камера ни на ретровизори... те предупредува прво звучно, визуелно на екран, а ако не застанеш тогаш и сама закочува колата (и те вади од памет како кочи ;))

Идиотите си се идиоти... додека не профункционираат камерите на секое ќоше и идиотите без исклучок ќе завршат со огромни парични казни, одземање на возачки, затвор... (посебно тие што поминуваат на црвено, возат над 80 низ град, сечат дупли полни, сечат полни во кривини, не застануваат на пешачки покрај кола која веќе застанала...).
Како размислува идиот - мене колата сама ми кочи, што има јас да внимавам на другите во сообраќајот.....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5357
Дали тој front assistant  реагира на пешаци кога врват од страна кон хауба и како реагира, со сигнал или директна акција?  Овие другите Parking assistant , Matrixx светла се филовање на тортата не се нешто нужно, ама ова конкретно ме интересира во ситуации шо ми се дешавале често, среќа на брз рефлекс без последици досега. Конкретно ми е за тој заебан момент кога ти се движиш напред и субјектот пешак/мотор или шо и да  е се движи со некоја одредена брзина со која шо цело време иди да е  во видикот зад левиот или десен стуб од шофершајната и ти не го гледаш се дур едниот или другиот не забрза или забави па да ти излези некаде на видното поле. Или застанал и ќе го приметиш од страничниот џам или ќе  го видиш во милисекундата пред да го качиш на хауба.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
@vladic3110 со пешаци возење на напред сум немал emergency stop. Во рикверс сум имал, се движеле во слеп агол, дури ни на камера позади не се гледале, ама сензорот ги регистира и ми има направено emergency stop.

Напред ми се има случено следнава ситуација, пред мене кола кочи и се качува полека на тротоар, јас за да ја поминам треба да ја згазам средната линија.
Не дадов жмигавец (незнам зошто), кога пробав да ја згазнам линијата, реагираше line assistant-от, со обид да ме врати во лента, а со тоа автоматски блиску/удар на тој што се качува на тротоар... па се активира и front assistant-от со звучен сигнал и истовремено и кочење... и се тоа во дел од секунда...

Има кај некои коли, многу понапредни системи front assistant, врзани со инфрацрвени камери кои посебно многу подобро гледаат во темница, магла, дожд и ефикасноста за реакција им е многу поголема.

Има некои тестови од Euro NCAP за ситуации со пешаци
https://www.youtube.com/watch?v=FTKxCE5qmQM

Конкретно октавиата, има 73% за ранливи корисници на патиштата (пешаци, велосипедисти), 79% safety assist.
Кликни на "Vulnerable Road Users"/"Safety Assist", и ќе видиш детали за тестирања. Одбери некоја друга кола и можеш и кај другите да видиш какви бројки вадат.
https://www.euroncap.com/en/results/skoda/octavia/39136

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Има таков систем на избегнување, да кочи и да врти сама колата?
Тесла Аутопилот... Систем одговорен за куп убиства и несреќи.  :D
Десетици страници можеме да испуниме со постови за такви ситуации со Тесла. Кој прати такви портали знае за што зборувам. Посебно е слаб на периферна визија за подалечни објекти и посебно ако побрзо со движат (точаци, тротинети, деца, итн). Исто и на послабо светло или позади делумни препреки. Секако и самите луѓе не се отпорни на ова ама се далку подобри во справување (барем повеќето од нас).

Далеку е технологијата од спремна за таква автономија, премногу фактори има кои треба да се предвидат и перцепираат/спроведат. Ова што го има денес од една страна е ок во рамките на ограничувањата што постојат, но од друга страна и создава пасивни NPC-ја кои имаат став дека некој друг мисли за наместо нив (автоматскиот систем и/или другите возачи). Да е до мене, јас не би оставил аута со такви функционалности да ги возат луѓе што претходно едно 10 години не возеле целосно мануелно (олд скул) ауто. Затоа има куп видеа од „шофери“ како спијат позади волан на Тесли. И затоа има толку несреќи со Тесли.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
Многу често нови коли со матрикс светла очи вадат скоро ко оние со кинески ледови или небаждарени сијалици додека те регистрира сензорот или што и да треба да те регистрира ти отидоа очите тебе

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
Тесла Аутопилот... Систем одговорен за куп убиства и несреќи.  :D

При активирање на Аутопилот-от (плус чепкање во сетинзи за автоматска контрола и на други системи), Тесла ти кажува дека и понатаму треба и раце и нозе и поглед да ти е како ти сам да си ја возиш колата... Тоа што луѓето го игнорираат тоа, дополнително за тик ток и други социјални мрежи си снимаат и видеа каде и воопшто не седат на место.... па потоа дедо мраз е крив... Тоа е муабетот од погоре, паметни системи и идиоти е лоша комбинација...

Далеку се од совршени аутопилотот и другите системи, ама додека ги гледаме како нешто што може да помогне е добро, а ако 100% оставиш на нив е екстремно лошо и опасно...

П.С. кога 100% ќе има целосно автономни возила, тогаш ќе треба да се решат и други правни/морални проблеми.
На пример, има ситуација, автономно возило, полно со цела фамилија дојде до неизбежна ситуација, деца на пат, каде се возможни само 2 решенија:
- да ги избегне со тоа што возилото 100% ќе излета од патот и ќе предизвика смрт на фамилијата која се вози во него;
- да ги изгази со тоа што 100% смртно ќе настрадаат неколку деца на патот;

Кој е одговорен за ова:
- лицето на возачко седиште?
- компанијата што го произвела возилото, со одлука луѓето во возилото да се секогаш на прво место без разлика на се друго?
- лицето кое го напишало софтверот за автономното возило?
- д
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
Многу често нови коли со матрикс светла очи вадат скоро ко оние со кинески ледови или небаждарени сијалици додека те регистрира сензорот или што и да треба да те регистрира ти отидоа очите тебе

Ако пред мене има возило само со еден исправен штоп (или тотално уништени, што не се ни забележуваат), не го ни регистрира дека е возило.
Ако напред возилото исто така има неисправни светла.

Барем кај мене колку што приметувам, многу ретко му сметам на некого што се разминувам, реакцијата е многу побрза од него сам да го исклучувам... а некој што возел со матрикс светла, посебно понапредни, со повеќе делови како на пример во ауди, не верувам дека некогаш би се вратил на обични...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7199
Многу често нови коли со матрикс светла очи вадат скоро ко оние со кинески ледови или небаждарени сијалици додека те регистрира сензорот или што и да треба да те регистрира ти отидоа очите тебе

Ова е многу тешко да се случи. Ти пишувам од искуство.

Дали тој front assistant  реагира на пешаци кога врват од страна кон хауба и како реагира, со сигнал или директна акција?  Овие другите Parking assistant , Matrixx светла се филовање на тортата не се нешто нужно, ама ова конкретно ме интересира во ситуации шо ми се дешавале често, среќа на брз рефлекс без последици досега. Конкретно ми е за тој заебан момент кога ти се движиш напред и субјектот пешак/мотор или шо и да  е се движи со некоја одредена брзина со која шо цело време иди да е  во видикот зад левиот или десен стуб од шофершајната и ти не го гледаш се дур едниот или другиот не забрза или забави па да ти излези некаде на видното поле. Или застанал и ќе го приметиш од страничниот џам или ќе  го видиш во милисекундата пред да го качиш на хауба.

Pre-Sense-от на Ауди кочи штом пешакот ке спушти една нога на коловоз. Ова колку е добро, толку е и лошо, со оглед на тоа што често на тротоар има паркирано возила, и пешаците мора да се спуштат на коловоз, и ти дрнка колата често. Толку е нагло што знае да те исплаши, иако го гледаш пешакок. Матрикс е ненормално добра работа, вреди за секој денар плус потрошен, особено на неосветлени патишта, како што често ги има кај нас.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774

Одлично работи Пре-Сенсот кај тебе. Некогаш знае да зашмелца ама секогаш е од оправдана причина. На пример како што кажа ако човек нагло се симне од тротоар на асфалтот, но 1 од 10000 пати ќе се погоди да се лизне пред тебе и може бељата да биде.
За Матриксот се слагам 10000%, една од подобрите работи што постојат, особено во земји како нашата.

На крај се се сведува дека се живее и без сите вие помошни системи, али доколку се имаат сметам дека е позитивно и знаат да бидат од помош при возењето.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Ако пред мене има возило само со еден исправен штоп (или тотално уништени, што не се ни забележуваат), не го ни регистрира дека е возило.

мотор не го регистрира како возило?

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
@marjanot и јас сум се прашувал истото. Досега во темница не ми се случило да има мотор пред мене.
Бидејќи, освен возила, ги регистрира и знаците, посебно огромните табли и ја намалува светлината кон нив за да немаш прејака рефлектирачка светлина од нив...
Од човек што сум избегнувал ноќно возење, посебно на регионални патишта, преминав во уживање во ноќно возење...
П.С. кога возиш во населено место, има светло лево десно од куќи, има улично осетлување... матрицата се исклучува, остануваат само кратките светла, а кога излегуваш од населеното место, повторно се активира.
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Во врска со матрикс светлата.

Верувам тие што ги имаат на своите коли нема да се согласат, но моето мислење е дека матрикс светлата се едно од полошите иновации воведени кај новиве коли. Да не правиме муабет што ќе се случува кај нас кога ќе почнат да се расипуваат за некоја година :)

Со матрикс верувам дека ви е супер осветлено, дека немате никаков проблем на темен пат и дека ви претставува задоволство да возите навечер (иако тоа сте го избегнувале како што напиша @R2D2 )... Но не е толку добро кон тие пред вас и наспроти вас.

Последниов период многу често на отворено начекувам коли што имаат матрикс (време на одмори и странски коли) и искуството ми е прилично лошо. Кога се разминувам со матрикс, очи параат, буквално. Расштелуван кинески ксенон го*на можи да јади.

Возев Велес-Скопје на делот каде што се прави автопатот, зад мене вози некој СУВ (не знаев што модел) кој не може да ме претекни или да му избегам и воедно очите ми ги изваде. Возам и се е нормално, во некој момент ќе пушти долги светла(така си мислев првично) и преку ретровизори директ в очи. Ќе му пуштам 4 жмигавци па ќе намали светлината (најверојатно од жмигавците му текнува дека смета на некого). По кратко пак истата ситуација, па пак исто и така неколку пати се додека не ги разместив сите ретровизори. Да напоменам дека штоповите ми работат, немам прегорена сијалица. Во случајов СУВ-от беше најновиот Туарег.
Светлината за тие 5-6км ми ги замори очите премногу. Не носам наочари и немам проблем да возам навечер.

Друга лоша ситуација која што ја имам забележано е кога кола со матрикс светла вози позади друга кола. Во тој случај многу доцни со исклучување кога иди кола од спротивен правец, а некогаш ја намалува светлината несоодветно на некои делови, но повторно блешти в очи. Светлината од матриксот како што кажав погоре не е шала, прејака е. И оваа ситуација ја имаш на сите регионални патишта. Единствено добро се однесува кога колата со матрикс е прва и тогаш добро ја менаџира светлината, но ретко се такви ситуации. Да не биди дека само до мене е ова, и жена ми ми вика што му е на луѓево што возат со долги светла :D

Моето искуство во последниве 2-3 месеци е ова. Вие што имате матрикс, верувам кога се разминувате со друг матрикс кој вози позади кола, дека полесно се препознавате со оглед дека блештите на сите страни па одма се исклучува светлината кон вас :D Или пак едноставно ретки сте со матрикси во државава и не сте забележале колку се лоши кога се отспротива или позади вас.

Присутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 476
@Silvester имам возено зад баџанакот, 30-40 километри, цело време со активен матрикс,  баш го прашував како е, дали имаше моменти кога му сметаа… одговорот беше дека ниеднаш не му засметале на ретровизор, туку напротив му помагале и него повеќе да гледа.

Ако правиме муабет за расипување, тогаш според тебе треба да возиме коли од флинтстонс, дрвена рамка и тркала од камен 😉

Јасно ми е дека фарот е ~1000 евра, тоа е цена која сум спремен да ја платам за придобивката што ја имам со него…
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
виница-берово беше страшно за возење летово ај шо има копита шо возат и со долги и со свашта, се отепав блендирање, ама глеаш нови коли претежно странски и тоа најчесто мерцедеси мислам шо сами намалуваат коа ќе им наближиш ама додека да наближиш очобол, а нив им е убаво верувам сигурно и они би фалеле матрикс пошо не возеле спроти него
Многу често нови коли со матрикс светла очи вадат скоро ко оние со кинески ледови или небаждарени сијалици додека те регистрира сензорот или што и да треба да те регистрира ти отидоа очите тебе

Ако пред мене има возило само со еден исправен штоп (или тотално уништени, што не се ни забележуваат), не го ни регистрира дека е возило.
Ако напред возилото исто така има неисправни светла.

Барем кај мене колку што приметувам, многу ретко му сметам на некого што се разминувам, реакцијата е многу побрза од него сам да го исклучувам... а некој што возел со матрикс светла, посебно понапредни, со повеќе делови како на пример во ауди, не верувам дека некогаш би се вратил на обични...

па немам баш таков впечаток баш му треба време особено од кривина коа ќе ти искочи или од подалеку на прав пат
« Последно менување: 05 Септември 2023, 17:44:08 pm Ѓорѓи »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Еден колега тука си купи СУВ, баш поради погоре споменатите светла, вака вика не ми сметаат пошто седам  повисоко.