Не баш. Компаниите во ЕУ добиваат субвенции и даночни олеснувања ако го намалат испуштањето на јаглероден диоксид. Многу флоти и компании кога оранизационо прават ставки за набавка на службени возила и флоти имаат најразлични квоти на CO2 сврзани со најразличните нивоа на вработени во фирмата. На пример, тие долу добиваат до 100г/км, средните до 120г/км и така натаму се до врвот.
Кога се потпишуваат договорите за лизинг со компании и флоти, најчесто се прават компензации/трансфер на загадување низ различните нивоа, па кога дојде ред за купување/изнајмување на лимузини за директорите многу зависи колку грама/килограми CO2 има останато за “трошење“. Па се прават најарзлични релативно скапо-евтини комбинации со тие лимузини.
На пример, тоа е една од најголемите причини зошто има огромни лимузини и од непремиум марките со смешни моторчиња како 1.0 во Мондео, 1.4 со 125кс во Пасат/Суперб, 1.2 во Талисманот или во Сувовите. Порано продаваа детјунирани верзии (иако некои компании и ден денешен го прават тоа).
Второ, сите овие работи/коли/лимузини/лизинг трошоци се ставаат во оперативни трошоци за намалување на профитот кој на пример во Германија е оданочен со околу 50-70%. Затоа и голем дел од парите се ре-инвестираат назад во индустријата/економијата. Подобро да ги искористат така, отколку да ги дадат бакшиш на џаболебарите од администрација.
Тоа што го пишува Марјан е другата страна од истата приказна.