еве ви новитет за кражби... вчера слушнав...
во перална за коли, кај мзт пералните.
тип ја остава колата (бмв некое) на перење. клучевите ги дава на некој од ромчињата и си иде. они му викаат за 1,5 саат ке биде готова. доаѓа типот уште пред да ја доизбришат колата, влага во натре во куѓарката, вика дека му се брза, плаќа 150 за перење, на газдата му дава уште 100 денари бакшиш, искача надвор на 7 роми-вработени им дава по 100 денари демек задоволен од перењето, пали колата и си оди. ромиве среќни и задоволни до бесвест по 100-че бакшиш одамна не виделе. се до тука е ок нели? е арно ама после еден саат доаѓа друг тип и си ја бара колата да си ја земе... вистинскиот газда. никад више не ја нашле колата...