И ова можеш да го користиш на Андроид, има посебна апликација од Гармин која е и дури помоќна од навигацијата.
И гармин екорут е блутут обд и чини 40 евра повеќе него кинески обд адаптер. Кинеските многу брзо откажуваат, а кој ти гарантира дека нема да ти го заебе компјутерот? Гарминот е тестиран и гарантира дека нема ништо да оштети со неговата работа. Па за 40 евра сигурно нема да ризикувам.
Инаку блутут адаптерот на гармин има можност да снима 50 часа возење. Значи ако не ви треба навигацијата не мора да ја уклучувате, возите 50 часа и ја уклучувате навигацијата и сите возења во претходните 50 часа ќе се снимат исто како да била уклучена навигацијата.
Плус на мобилниот неможеш да ги пратиш податоците во реално време (освен ако не го држиш во рака) а со навигацијата истите се интегрирани и многу лесни за гледање. Башка, колку кул изгледа кога го имам скринот со RPM. air mass, intake без никакви кабли околу... Ѓоа тркачка кола е