Автор Тема: Проблем со Megane 2011 1.5dci  (Прочитано 21619 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #120 на: 27 Февруари 2012, 14:07:08 pm »
Нека го среди на асален мајстор и еднаш засекогаш да вози како човек, нека не се тртка секој ден.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #121 на: 27 Февруари 2012, 14:08:35 pm »
Ќе му го дадам ако сака да проба, пошто гледам дека не знае што прави, малце е табиетлија типот.
А кој е овој што ми го праќаш? Сигурно ќе ме праша.
Сервис НИКО 1 нема да згреши. Сервисот е специјализиран за Рено и одат редовно на обука.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #122 на: 27 Февруари 2012, 14:09:17 pm »
Ќе му го оставам на шофершајбна. Не знам точно каде живее :D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #123 на: 27 Февруари 2012, 15:50:34 pm »
Ќе му го дадам ако сака да проба, пошто гледам дека не знае што прави, малце е табиетлија типот.
А кој е овој што ми го праќаш? Сигурно ќе ме праша.
Сервис НИКО 1 нема да згреши. Сервисот е специјализиран за Рено и одат редовно на обука.

kaj bato krco ;)

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #124 на: 27 Февруари 2012, 20:02:53 pm »
Фаланга знам дека е проклето од моја страна,ама ако гледаш дека човеков многу се нервира и губи мерак на колава советувај го да го продаде само да се спаси од овие маки.
Ако се реши да направи такво нешто одма сподели тука на форумов,јас најискрено сум спремен да му помогнам и да го спасам од макиве човеков.

Ако е упорен нека им го однесе во Аутомотив и нека им каже да не му го враќаат дур не го направат!

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #125 на: 27 Февруари 2012, 20:34:42 pm »
Истово му се случи на другар со Шкора Румстер завчера, уште нема решение кај него.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #126 на: 27 Февруари 2012, 21:42:58 pm »

Ако е упорен нека им го однесе во Аутомотив и нека им каже да не му го враќаат дур не го направат!


И што ако му го вратат и му кажат „ти го напраиме“ и утредента пак не запали?!  :D :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #127 на: 27 Февруари 2012, 22:34:12 pm »
Мора да има некое решение за проблемов,само нашиве стручни мајстори неможат да го откријат.Искрено не знам како би се однесувал во ваква ситуација.
Имам среќа што за овие години стекнав пријатели што се занимаваат со оваа проблематика и досега биле спремни да се справат со секој проблем.

Искрено му посакувам на човеков да ги најде правите луѓе за оваа работа и да си го реши проблемот,не би сакал да сум во негова кожа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со Megane 2011 1.5dci
« Одговори #128 на: 27 Февруари 2012, 22:53:40 pm »
Фаланга знам дека е проклето од моја страна,ама ако гледаш дека човеков многу се нервира и губи мерак на колава советувај го да го продаде само да се спаси од овие маки.
Ако се реши да направи такво нешто одма сподели тука на форумов,јас најискрено сум спремен да му помогнам и да го спасам од макиве човеков.

Ако е упорен нека им го однесе во Аутомотив и нека им каже да не му го враќаат дур не го направат!

Бушав другарче, нема тука проклето непроклето. Затоа и ја отворив темава ако некој има некоја трага кон наоѓање на решение за проблемов да сподели па да пренесам. Не сум јас некој Месаја да спасувам некого од маки, можам само да се обидам да пренесам информација.

Башка човеков ми е комшија, не се знам премногу со него. Бевме најдобри другари во детството ама тие се преселија и така се растури калимерата, сега сме онака само расположени а не сме многу блиски. Се гледаме скоро секое сабајле пред зграда и правиме муабет лаф-два. Ќе му пренесам за контактот што ми го даде Прчот па што сака нека прави. Малце е табиетлија и има некои чудни филозофии. Не му се мешам. Слушнал пофални зборови за колава и ја купил и сега нека си тера, секој со својата среќа нели?

Што се однесува до мене тоа е. Па ќе видиме што ќе испадне, ќе известам.