Моментално нема никаква логика да имаш договор од 2 години. Барем не за 2-3 линии. Јас терам без договор, а телефон мењам на 2 или 3 години купен надвор од оператор. Порано имаше некаква логика, 2014та купив Нокиа Лумиа 930 од Телеком за 200 евра, на некоја претплата од 799 или 899 денари.
Последниве 5-6 години никако договор.
Преку агент на телеком, плаќам по број(имам три броја) околу 650 денари за све неограничено, плус добив 8000денари бонус по број(24к вкупно). Поефтино едино преку Лајка може да е
Ако ти дал понуда за 650 денари за се неограничено (повици,смс,интернет), тоа е одлично. Јас не сум дошол во контакт со агент кој ми го понудил тоа. Неколку ми нудеа за нов приклучок дека ќе добијам гратис андроид бокс, наместо тој ресиверот за макс тв. Само тоа беше “поволноста”.
Во однос на бонусот од 24000 денари, ако ги споредиш цените на уредите ќе видиш дека не им е реален бонусот. Цените им се превисоки и бонусот губи смисла. Но ако успееш да ја задржиш таа претплата и по истек на договор, тогаш можеби се исплати да се потпише.
Magenta 1 мобилни услуги M '21 524,74+18% DDV = 618 денари по број. Тогаш беа 100ГБ за мобиле М, денес се 60ГБ.
Договорот е од Јануари 2023та.
За тие што бараа број од Агентот, ова е од Битола и пред скоро две години...така да не знам дали дечкото сеуште работи таму.
п.с. Буџетот 2023та бил 9000 денари за М, или вкупно 27000денари сум добил.