Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 411 пати)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #90 на: 15 Јануари 2026, 09:52:23 am »
Може доцна...рече дека си заменил подрумот за гаража и доплатил 6000, претходно сосе подрумот требало за гаража 8000.
Аконе така, за разлика од 2000 мислам дека вреди да си го земеш и подрумот, ќе тинсе најде многу, глупости за НГ, кондури, ситни алати итн

Разликата од само подрум (задолжителен) до опционално подземно паркинг место + подрум (исто е задолжителен ако одбереш паркинг место, но е некој квадрат помал и нешто поевтин по m2 од првата опција) е некаде над 6000 евра.
Подрумите секако се задолжителни, што и да одбереш...

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1087
  • The best or nothing.
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #91 на: 15 Јануари 2026, 11:01:28 am »
Ако имаш можност, консултирај се со архитект. Собери ги сите мислења и препораки, ама сепак архитектите знаат екстра "цаки".  :)

Мене не ми го отвара ексел фајлот.
Препорака:
1. Вентилатор за издув во вц.
2. Проточен бојлер за вц.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #92 на: 15 Јануари 2026, 13:53:23 pm »
Ми текна сега нешто.
Можеби беше спомнато, ама не ми текнува, околу греење/ладење, доколку е решено со инвертери (сплит/мултисплит), обавезно во секоја соба да има единица.

Сега кај што сум привремено, станот има 2 спални, а една внатрешна единица, во дневната, инвеститорот пресметал дека е доволно. Оставање отворени врати за да се загреваат/изладат другите соби е безвеза.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2755
  • Шалабајзер
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #93 на: 15 Јануари 2026, 15:35:15 pm »
Ми текна сега нешто.
Можеби беше спомнато, ама не ми текнува, околу греење/ладење, доколку е решено со инвертери (сплит/мултисплит), обавезно во секоја соба да има единица.

Сега кај што сум привремено, станот има 2 спални, а една внатрешна единица, во дневната, инвеститорот пресметал дека е доволно. Оставање отворени врати за да се загреваат/изладат другите соби е безвеза.
Обично одат гратис панелки и клима.

Ние кога го потпишавме договорот, прашавме дали има можност за промена, односно ни дадоа понуда за инвертер клима со 2 внатрешни единици, односно во детската ќе одиме на варијанта панелка, додека во дневна и спална клими.


Лепша половина највеќе бараше да сме на градско парно ама ку**инааа, градско парно овој дел на Скопје само во Александрија ама моја нога таму не стапнува


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #94 на: 16 Јануари 2026, 18:15:21 pm »
Денес го потпишав пред-договорот, па до банка за апликација за кредит (ми фалат само уште некои документи/заверка кај мене на работа), па да се процесира официјално.
Земав и три листа за пред-бележување (станот, подземното паркинг место (16m2) и подрум(5m2). Подрумот е во продолжение на гаражата, на крајот од паркинг местото има заградено, со врата. Супер е за носење работи од кола у подрум и обратно.

Ќе пишам подоцна што бидна од тоа што сакав да прашам.
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 18:21:50 pm balanar »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45300
  • Il Moderatore
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #95 на: 16 Јануари 2026, 18:52:26 pm »
Денес го потпишав пред-договорот, па до банка за апликација за кредит (ми фалат само уште некои документи/заверка кај мене на работа), па да се процесира официјално.
Земав и три листа за пред-бележување (станот, подземното паркинг место (16m2) и подрум(5m2). Подрумот е во продолжение на гаражата, на крајот од паркинг местото има заградено, со врата. Супер е за носење работи од кола у подрум и обратно.

Ќе пишам подоцна што бидна од тоа што сакав да прашам.

Со среќа нека е, веројатно најбитната работа во живот си ја решил.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #96 на: 16 Јануари 2026, 21:09:12 pm »
Ти благодарам @Simo - Carrier159 , да ви се враќа по дома се што ви треба.
------

Како што пишав, денес бев до изведувачот за пред-договор.
Бидејќи со станот доаѓа ова подолу пишано, ова ми беа забелешките:

Туш кабина - нема да се монтира. Ќе ставам мој стаклен панел.
Обичен бојлер - нема да се монтира. Ќе пуштат кабел за проточен бојлер, секако водоинсталацијата е поврзана со кујната, па ќе има топла вода и таму во секое време.
Мијалник со долен елемент и чешма - нема да се монтира. Ќе се монтираат мои купени.
WC школка - нема да се монтира. Исто моја купена.
Туш-батерија со чешма - нема да се монтира. Моја купена.

Е сега, спомнаа дека работиве погоре ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада што е супер. Само треба да ги набавам и однесам кога ќе дојде време. Не сум сигурен дали за стаклениот панел ќе сакаат, мада ќе видиме.

Дополнително - во нивната понуда имаат 4 вида ѕидни и 2 вида подни плочки кои ќе ги понудат кога ќе дојде време. Исто важи и за ламинатот.
Доколку ништо од понудените плочки и ламинат не ми се допаѓа, да им однесам мои (квадратурата ќе ми ја кажат) и ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада.
За сето она што нема да го искористам од понудената опрема, ќе се раздолжиме пред примопредавањето.

Прашав и за електричната инсталација (локација/количина на штекови, прекинувачи за струја и плафонски кабли).
Може да се смени и тоа, само треба да му ја смислам деновиве бидејќи ми стои на глава, а секако е многу рано.
Овде штековите ми се најбитни да ставам што повеќе во разумна количина и на добри места.
Прекинувачите исто не сакам да не се на бош места. За плафонските кабли генерално знам каде сакам.

Што се однесува за инсталација на клима - држач ќе стават тие на определено место, ќе се избуши за цевките, како и да се стави штек соодветно горе до внатрешната единица.
Е сега овде имам дилема. Тие ќе стават држач на надворешната страна на зградата каде што се прозорците на дневната и тоа е ОК позиција за климата во дневната, но мене ми треба и клима за во спалната. Спалната излегува директно на тераса. Од лево е дневната (која исто излегува на терасата), а од десно е ѕид со комшиската тераса.
Ќе треба терасата да ја „затворам“ со ставање на надворешна единица (и онака е 4m2), а ова повлекува и бучење на надворешната единица веднаш до спалната.
Ми предложија да размислам за мулти сплит со две внатрешни единици.

Ми текна додека го пишував постов - да се стават две клими една до друга на надворешната фасада, на различни држачи. И да се пушти црево од едната до спалната?
Некако со multi split, ако се заебе надворешната, немаш ништо внатре :)
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 21:34:27 pm balanar »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #97 на: 16 Јануари 2026, 21:38:29 pm »
Ти благодарам @Simo - Carrier159 , да ви се враќа по дома се што ви треба.
------

Како што пишав, денес бев до изведувачот за пред-договор.
Бидејќи со станот доаѓа ова подолу пишано, ова ми беа забелешките:

Туш кабина - нема да се монтира. Ќе ставам мој стаклен панел.
Обичен бојлер - нема да се монтира. Ќе пуштат кабел за проточен бојлер, секако водоинсталацијата е поврзана со кујната, па ќе има топла вода и таму во секое време.
Мијалник со долен елемент и чешма - нема да се монтира. Ќе се монтираат мои купени.
WC школка - нема да се монтира. Исто моја купена.
Туш-батерија со чешма - нема да се монтира. Моја купена.

Е сега, спомнаа дека работиве погоре ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада што е супер. Само треба да ги набавам и однесам кога ќе дојде време. Не сум сигурен дали за стаклениот панел ќе сакаат, мада ќе видиме.

Дополнително - во нивната понуда имаат 4 вида ѕидни и 2 вида подни плочки кои ќе ги понудат кога ќе дојде време. Исто важи и за ламинатот.
Доколку ништо од понудените плочки и ламинат не ми се допаѓа, да им однесам мои (квадратурата ќе ми ја кажат) и ќе се монтираат од нивни мајстори без надокнада.
За сето она што нема да го искористам од понудената опрема, ќе се раздолжиме пред примопредавањето.

Прашав и за електричната инсталација (локација/количина на штекови, прекинувачи за струја и плафонски кабли).
Може да се смени и тоа, само треба да му ја смислам деновиве бидејќи ми стои на глава, а секако е многу рано.
Овде штековите ми се најбитни да ставам што повеќе во разумна количина и на добри места.
Прекинувачите исто не сакам да не се на бош места. За плафонските кабли генерално знам каде сакам.

Што се однесува за инсталација на клима - држач ќе стават тие на определено место, ќе се избуши за цевките, како и да се стави штек соодветно горе до внатрешната единица.
Е сега овде имам дилема. Тие ќе стават држач на надворешната страна на зградата каде што се прозорците на дневната и тоа е ОК позиција за климата во дневната, но мене ми треба и клима за во спалната. Спалната излегува директно на тераса. Од лево е дневната (која исто излегува на терасата), а од десно е ѕид со комшиската тераса.
Ќе треба терасата да ја „затворам“ со ставање на надворешна единица (и онака е 4m2), а ова повлекува и бучење на надворешната единица веднаш до спалната.
Ми предложија да размислам за мулти сплит со две внатрешни единици.

Ми текна додека го пишував постов - да се стават две клими една до друга (или една над друга) на надворешната фасада, на различни држачи. И да се пушти црево од едната до спалната?
Некако со multi split, ако се заебе надворешната, немаш ништо внатре :)

Честитки прво, второ со лесно нека е, знам како оди тоа опремувањето стан, прилично е напорно.

Јас имам во едниот стан со тераса од 7м2 една единица за клима на тераса, во другиот стан со исто 7-8м2 тераса имам 2 единици за клима на тераса, сѐ додека земеш квалитетни клима уреди нема да сметаат нешто посебно. Јас не сум рекол досега „Еј баш ми смета климава додека седам на тераса“.
 
Второ, ако ти влага во буџет, стави си паркет наместо ламинат. Неспоредливо поубаво изгледа и подобро е чувството. Не ни знам зошто не нуди инвеститорот бар таркет, ламинат е обично за средини кај што е многу влажен воздухот па паркет може да се оштети од влагата.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #98 на: 16 Јануари 2026, 21:43:49 pm »
Фала Андреј, да се враќа стан од 54m2, па да не ја мислиме за климите  ;D

Не ми ни текна на таркет, ќе запишам.
Која е цената, ако знаеш? Барем во споредба со ламинат од средна/висока класа.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2687
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #99 на: 16 Јануари 2026, 22:12:21 pm »
Фала Андреј, да се враќа стан од 54m2, па да не ја мислиме за климите  ;D

Не ми ни текна на таркет, ќе запишам.
Која е цената, ако знаеш? Барем во споредба со ламинат од средна/висока класа.

Би те излажал, пошто немам лично ставано досега, а и последно опремувавме во 2022 така да секако не важат тие цени денес.

Баце само два стана имаш? Ме изненади сеа, искрено.

Досега 5 ќе имав ама јбг треба БМВ да се одржува...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2626
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #100 на: 16 Јануари 2026, 22:17:43 pm »
Е јбг


@balanar  Проверувај во Лав Комерц, повремено имаат ограничени количини на акција.

За паркет, Комета Комерц има се и сешто за релативно ок цени.

Ако местиш паркет, мора лепење, јас би ти препорачал таркет без лепење, што и да се деси во иднина, лесно можеш да го смениш. Секако е  нов стан со рамна кошулица, нема да имаш проблем.
« Последно менување: 16 Јануари 2026, 22:25:07 pm Bravo »

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #101 на: 17 Јануари 2026, 08:35:31 am »
@Bravo зошто Таркет? Никакви жлебови нема. Зошто не VarioClick?
Имам дискутирано на темава и би дискутирал до детал. Имам роднина кој 20+ години го работи тоа и има работено низ цела Мк и пошироко. Имам слики објавено во другата тема.

Па и не баш дека немале жлебови.
Може братучед ти не работел со Боен.


Отсутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7133
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #102 на: 17 Јануари 2026, 09:00:16 am »
Не ми е братучед, ама небитно.
Тоа е Боен - норвешка марка. Тоа е вистинско дрво. Споредбата беше меѓу Таркет и Варио.
Инаку Таркет има т.н 2-Lock System кој е 2 пати побрз за монтажа, а Варио има 4V Groove System кој е многу поцврст.

Еве поопширно:

VarioClic (4V Groove): VarioClic planks typically feature a 4-sided bevel (V-Groove). This creates a very distinct "plank" look where each board is clearly defined. More importantly, VarioClic uses a high-tension click system (often from the Valinge or Unilin families) that feels very "snappy" and secure during installation. It’s designed to handle the expansion of HDF (High-Density Fiberboard) without the edges lifting.

Tarkett (2-Lock System): Tarkett uses a 2-Lock system, which is a "fold-down" mechanism. While it is incredibly fast to install (Tarkett claims 50% faster than traditional locks), some installers find it less "forgiving" than the deep grooves of a high-end laminate like VarioClic. If the subfloor isn't perfectly level, a fold-down lock can sometimes be more prone to minor clicking sounds.
« Последно менување: 17 Јануари 2026, 09:07:18 am nestor04 »

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #103 на: 17 Јануари 2026, 18:04:02 pm »
Некој од форумов да користи мулти-сплит?

Прееска рачунав - излегува 2000€ за надворешна од 8KW и една внатрешна од 5, една од 3.5
Додека две клими, една од 5.5KW и една од 3.5 излегува 1500€
Vivax Aeri гледав, мада не ми игра улога, за две години којзнае што цени ќе се.

Повеќе ми е дали да им кажам да стават еден држач за клима или два :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8450
  • Плинаш!!!
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #104 на: 17 Јануари 2026, 20:34:37 pm »
Некој од форумов да користи мулти-сплит?

Прееска рачунав - излегува 2000€ за надворешна од 8KW и една внатрешна од 5, една од 3.5
Додека две клими, една од 5.5KW и една од 3.5 излегува 1500€
Vivax Aeri гледав, мада не ми игра улога, за две години којзнае што цени ќе се.

Повеќе ми е дали да им кажам да стават еден држач за клима или два :)
Ако можеш избегни мултисплит. Причините се веќе познати. Поскапа е од колку 2 клими посебно, многу полесно расипливи а поскапа за поправки и најбитното ако се расипе и двете единици не работат. Исто битна работа е цревото колку е подолго од надворешната до внатрешните единици ( а до едната сигурно ќе биде долго) ќе имаш загуби. Така секогаш едната клима ќе грее или лади повеќе од другата.