Ух, ми отвори работа да пресметувам, немав есап досега.
Custom таблици и одјава - 91.4€
Годишно полукаско осигурување - 1452.09€
Годишен данок - 168€ (ми наплатија веќе за наредна година, но тоа не го пишав)
Гуми - 529.74€
Сервиси (+хемиско чистење и полирање и ситници околу естетика) - 1,969.93€
Вкупно - 4,211€ (само одржување ме чини 2,500€)
Со оглед на тоа што е ретко возило во Германија (особено во оваа опрема, може да нема ниедна на оглас со сончев кров, Марк Левинсон, ладење на седишта, ел завеса и сл) и е земена можеби околу 3 илјади евра испод просечната цена (моментално, а и кога ја купував), а имам некаква си сервисна историја колку толку, сметам дека е очекувано, дури и да купев ист модел поскапа, пак не знам што би ме чекало. Предност е тоа што со колата добив 3 пара бандажи (12 парчиња).