Знакот за автопат на тоа место служи (најчесто) за тие што се уклучуваат тука дека тоа е автопат... и да фали (посебно за нив ако нема) знак за на брзина, посебно дека тогаш се уклучуваат... нив ако ги застане тука полиција и ги казни дека возеле над 80, теоретски би требало да добијат на суд, бидејќи:
- се уклучуваат на автопат - за нив престануваат да важат правилата на претходниот спореден пат...
- нема знак за брзина - ова е најверојатно технички пропуст....
- има знак за автопат - за тие што се приклучиле тука, тоа значи возење до 130...
За тие што веќе возеле по автопатот, знакот за автопат не значи за забрзаат до 130, за нив важи последниот знак за ограничување - 80...
За жал полицијата кај нас е... ај да не кажам... место таа да ургира таму да се постават соодветни правилни сообраќајни знаци, таа овие места ги гледа само како лесни места за казнувања...