Ееееее вака го глават системот. Се додека возилото не излезе од лентата друго возило неможе да помине, освен ако не отворат од внатре за да расчистат гужва. А овде во еден момент 4 возила паралелно беа во лента каде што системот треба да отчита број на оски, висина на возило, да одреди категорија и да наплати. И се додека не се исчисти лентата, системот нема да крене рампа. Вакви камикази има буквално на секои 5 минути.
Едит: Од утре спремете се во наредните 2-3 недели цело време да гледате како се заглавени м-таг лентите. Не е чудо и некој бокс меч да се деси.
Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk
Бидејки до денеска можеше и со Мкард да се помине, дали во ваква ситуација пример од некоја причина не кренала рампа, не титнал Мтагот, позади мене одма се наредиле, со Мкард дали ке отвореше ако ја титнеш ?
Или пак мораше да биде комплет чиста лентата ?
Ја за секој случај ке си држам одредена сума и на Мкард, така ми се случи на Кадрифаково негде пред 1 месец, го имав тагот, ама имаше камион и кола вака заглавени застанати.
И фино културно на Мкард лента, си ја куцнав и си поминав. Ако ги чекав да се вракаат, побрзо и на Кеш лента ке поминев.
Секако кога ја имам, зошто да не ми биде бекап опција.