Автор Тема: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8  (Прочитано 829 пати)

Отсутен spiritfly

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« на: 02 Октомври 2023, 15:24:25 pm »
Земав 2020 Audi A6 C8. За жал нема амбиентално светло, она со линиите на секаде по врати.



Гледам ги има на Aliexpress за 400-500 долари и тоа со поврзување во MMI како опција за одбирање бои итн. Исто како оригиналното.

Дали има некој во Македонија оваа услуга да ја нуди и колку би чинело? Пример јас да си ги порачам и да ми ги наместат? Исто така што мислите, дали е паметно да се чепка на возило од 2020? Малку ми е страв од проблеми со електроника од после или пак не убаво наместени маски и слично.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #1 на: 02 Октомври 2023, 15:41:27 pm »
И во Порше да го растурат, после тоа нешто нема да е како што треба и ке крцка некоја пластика. Колку ти е безбедно во некоја гаража кај некој што веројатно никогаш не растурал таква кола + делови од АлиЕксперт...

Инаку не идат овие светла фабрички или барем оние во една боја ?

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 216
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #2 на: 02 Октомври 2023, 16:03:10 pm »
Прашај во Re Drive. Монтираат ambi light ама дали само со нивно или може и со твој делови прашај си.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #3 на: 02 Октомври 2023, 16:12:10 pm »
Има у Дог, ама не очекуј како што пиша Бране дека после ќе немаш крцкање, тропкање и дека секој жлеб и ситница ќе ти бидат на место.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #4 на: 02 Октомври 2023, 16:32:15 pm »
Искрен да бидам, ако си одиш во овластен и уредно си набавиш ОЕМ пластични "жабици", не гледам причина нешто да крцка.

Отсутен spiritfly

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #5 на: 02 Октомври 2023, 20:12:50 pm »
И во Порше да го растурат, после тоа нешто нема да е како што треба и ке крцка некоја пластика. Колку ти е безбедно во некоја гаража кај некој што веројатно никогаш не растурал таква кола + делови од АлиЕксперт...

Инаку не идат овие светла фабрички или барем оние во една боја ?

И јас мислев дека доаѓаат па не го ни проверив. Треба да имам три пати s-line, но ова не влегува ни во тој пакет по се изгледа. Најверојатно се доплаќа за опцијата, штета на таква кабина со 3 монитори баш ќе одговара..

Искрен да бидам, ако си одиш во овластен и уредно си набавиш ОЕМ пластични "жабици", не гледам причина нешто да крцка.

Па се мислам за овластен најискрено, башка да прашам и за рикверц камера евентуално и 360 колку би чинело, но мислам дека ќе биде огромна сума и ми е страв :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Додавање Амбиентално Светло на Audi A6 C8
« Одговори #6 на: 02 Октомври 2023, 20:56:09 pm »
Јас со задоволство би живеел без амбиенталново светло.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.