Автор Тема: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp  (Прочитано 6588 пати)

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« на: 23 Февруари 2023, 18:01:11 pm »
Ајде како што е редот да ја покажам новата кола.  ::)

Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp, аутоматик, бензинец.

Инаку, продадов Renault Captur дизел од 2016 од којшто бев многу задоволна ама сакав нешто ново. Одамна ми се свиѓаше Kamiq, пред некој месец начекав еден модел во салон на Шкода да го разгледам во живо и си порачав за мене.

И стандардна и дополнителна опрема има доста, вака што памтам:
- Lane Assis
- Front Assist
- Crew Protect Assist
- сензори и камера за паркирање
- греење на седишта и волан (прв пат имам ова и закон работа  ;D)
- Сончев покрив (не се отвара, има опција да се „затвори“ да не смета сонце)
- Keyless entry + stop and start (Renault имаа кул опција сама да се заклучи кога ќе се тргнеш од возилото, тука го нема тоа и уште ми треба навика и проверувам дали сум заклучила  ;D ама барем можам преку апликацијата да ја заклучам)
- Земав трокрак волан, стандард мислам им се двокрак
- Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла (исто прв пат имам, многу кул, вредеше за парите)
- Style Dynamic пакет спортски седишта ткаенина алкантара, алуминиумски педали, мулти функционален кожен спортски управувач, црн кров во внатрешноста, Black Dots декор, амбиентално осветлување
- Електрично отварање/затварање на багажникот (со копче)
- Wireless полнач за телефони, фаќа и со силиконска маска, пресреќна
- Навигациски систем AMUNDSEN со 9,2" екран осетлив на допир, 8 звучници, Web радио
- Smart Link поврзување (безжично за Apple)
- Full LED задни светла со анимиран трепкач
- Алуминиумски фелни PROPUS Aero black 6,5J х 17 со пневматици 205/55 R17
- SUNSET - длабоко затемнети странични и задно стакло

Колата ја земав на 02.02.2023, имам околу 300 километри поминато. Убаво вози, немам забелешки. Комотна е, внатре ми е преубава. Сончев покрив сакам од кога памтам за себе, така да тоа е преубав момент. Не сум ја носела на подолг пат и на автопат убаво да ја извозам, ама вака низ Скопје, до Водно, до Сопиште што бев немам замерки.

Еве слики, не се баш профи тие од внатрешноста, ама мислам се гледа. И ќе кажам дека внатре материјалите ми се свиѓаат, не е некако рандом пластика туку елегантен впечаток остава.


Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #1 на: 23 Февруари 2023, 18:04:20 pm »
Еве и од внатре како е.  :-*

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4800
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #2 на: 23 Февруари 2023, 18:38:01 pm »
Kolava e bombonce, neznam samo zosto vaka mali motori stavaat po volkavi koli

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33938
  • Таков е животот... јебига
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #3 на: 23 Февруари 2023, 18:50:35 pm »
Kolava e bombonce, neznam samo zosto vaka mali motori stavaat po volkavi koli

Зошто реално нема потреба од поголем


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1541
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #4 на: 23 Февруари 2023, 19:08:23 pm »
У боја немаше? Со здравје да се вози.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54839
  • Махер
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #5 на: 23 Февруари 2023, 19:12:08 pm »
Kolava e bombonce, neznam samo zosto vaka mali motori stavaat po volkavi koli

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Да, убаво би му дошол 2.5 TFSI DSG по истава цена, ама такви комбинации само американците се доволно здраворазумни за да прават.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 180
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #6 на: 23 Февруари 2023, 19:20:08 pm »
Честитки, добредојде во Шкода клубот. Добро си го опремила.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1327
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #7 на: 23 Февруари 2023, 23:50:19 pm »
Сакам мојот Камик да е ваков. Со среќа вожња...

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1320
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #8 на: 24 Февруари 2023, 01:49:58 am »
Честито, со здравје да се вози

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2184
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #9 на: 24 Февруари 2023, 08:38:37 am »
Со здравје да се вози и да се ужива, многу безгрижни километри. Многу убава комбинација, посебно седиштата ми се врв, ако некогаш би бил во ситуација да можам само една работа да можам да одберам за доплата, тоа би биле седиштата.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #10 на: 24 Февруари 2023, 11:43:13 am »
Цитат
- Keyless entry + stop and start (Renault имаа кул опција сама да се заклучи кога ќе се тргнеш од возилото, тука го нема тоа и уште ми треба навика и проверувам дали сум заклучила  ;D ама барем можам преку апликацијата да ја заклучам)

Ова може да се вклучи. Со оглед дека го има Keyless entry. Со помош на OBD11 или некој друг device. Јас би можел да проверам со мојот.

Мислам дека не е баш згодна опција, на пример ако си кампер и возилото ти е до тебе, или некоја слична сценографија (пример возилото ти е паркирано во двор)

Web radio одлично работи, кое можеш да го поврзеш преку креиран хотспот на телефонот или уште подобро некое 4Г рутерче на батерија. Фаќаш некое интернет радио без реклами со музика по вкус и си работи беспрекорно.

Со здравје возење и кочење.  ;)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #11 на: 24 Февруари 2023, 11:59:24 am »
Создравје да се вози и многу безгрижни километри понатаму...

Kolava e bombonce, neznam samo zosto vaka mali motori stavaat po volkavi koli

Тоа мало моторче вади ~200НМ и забрзува до 100ка за ~10 секунди, повеќе од солидни перфоманси за нормално возење во секоја ситуција.
П.С. и јас би 1.5 на оваа кола за повеќе ќејф :)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13648
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #12 на: 24 Февруари 2023, 12:35:43 pm »
Честито ново количе! Да и го правиш меракот од сеа!
Создравје да се вози. Преубава опрема.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1327
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #13 на: 24 Февруари 2023, 13:40:01 pm »
Создравје да се вози и многу безгрижни километри понатаму...

Kolava e bombonce, neznam samo zosto vaka mali motori stavaat po volkavi koli

Тоа мало моторче вади ~200НМ и забрзува до 100ка за ~10 секунди, повеќе од солидни перфоманси за нормално возење во секоја ситуција.
П.С. и јас би 1.5 на оваа кола за повеќе ќејф :)

1.5 е побрз, а дали прави поведе ќеф од 1.0 е упитна работа кога ќе ги земаш сите околности предвид.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 560
Одг: Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp
« Одговори #14 на: 24 Февруари 2023, 14:06:56 pm »
Цитат
- Keyless entry + stop and start (Renault имаа кул опција сама да се заклучи кога ќе се тргнеш од возилото, тука го нема тоа и уште ми треба навика и проверувам дали сум заклучила  ;D ама барем можам преку апликацијата да ја заклучам)

Мислам дека не е баш згодна опција, на пример ако си кампер и возилото ти е до тебе, или некоја слична сценографија (пример возилото ти е паркирано во двор)

Нема шанса да фати бесконтактно отклучување од дома до во двор, Реното мое автоматски се заклучува ако свртам круг од возачка до совозачка врата.