За последново, многу зависи од типот на сабвуферот и кутијата во кој е сместен. Некои сабвуфери не може да произведат краток прецизен моќен бас удар.
Не, сите можат, ама читај понатаму. Она што не можат, е да го направат тоа
во која било просторија. До просторијата е. Доколку во едно мало делче од спектарот ти се прават стојни бранови (ради рефлексии од паралелни површини), а во друго не, ќе го имаш само ова другото. Тоа другото може да биде подоле во спектарот отколку ова првото и ете ти - каша, бас кој прави буууууум, а „стегнатиот“ и „прецизниот“ дел се само-себе поништил. Такви акустички сценарија има безброј. Многу се типични (бидејќи музиката речиси секогаш го окупира целиот спектар, а не само некој мал дел кој на среќа ќе ти се потрефи да „соработува“ со твојата просторија за слушање.
Еден ист звучник со едно исто појачало, кабли, транспорт, матерјал бла бла во две различни простории ќе звучи дибидус различно.
Вистинското решение за прецизен, стегнат и добро дефиниран бас е
акустички добра (третирана) просторија и добро позиционирани звучници. Крај. Просторијата влијае на крајниот звук повеќе од која било друга аудио компонента. Звучниците се на високото второ место.
„Аудиофилското“ „решение“ на овој проблем е просто откажување од длабок бас. Со тоа проблемот не се решава - стојни бранови и каша се создаваат и понатаму, само што се многу тивки и не се слушаат толку многу. Затоа аудиофилите најчесто се мрштат кога ќе чујат јак бас, демек не требало така да се слуша, не-знам-ти-што. Точно, не треба, во акустички несоодветни простории во какви што најчесто слушаат.
Поентата:
Тој што е вистински заинтересиран за добар звук прво и основно ќе инвестира во просторијата за слушање. Друго све е мање-више. Просторијата е најкритичната компонента. После се звучниците, на второ место.