@MB Се надевам ќе се јават членовите што имаат подетални информации околу проблемот со дизните на првите серии на 1,6 тди (мислам Сименс дизни беа), а после VW се врати на Бош дизни, е сега некој да пише начин како да провериш кои дизни ги има конкретниот модел (дали по код на мотор, година на производство), секако покрај другите работи што треба да се видат/проверат на колата.
Добро е што знаеш што сакаш, конкретен модел, ама не игнорирај некој модел на Леон од тоа, па и поново годиште, ако е подобар примерок од некој Голф што го гледаш.
Знам дека пиша дека бараш дизел ама на твое место не би ги исклучил бензинците, 1,4 тси можеби за Голф 6 а 1,2 тси кај Голф 7. Јас лично и плинот би го зел како опција, секако на атмосферски мотор, 1.6 со 102 кс (моментално има еден примерок од Швицарска со 202.000 км и сервисна книшка, 4 нови зимски гуми, вреди да се види и провери, го пратам човекот извесно време, постира огласи на ФБ, цена мислам 6.000 е му бараше, ова како пример ти го давам). Кај дизел имаш повеќе ризик фактори (ДПФ, ЕГР, дизни, турбина и фамозниот двомасен замаец), освен ако не ти е проблем одржувањето.
Моментално има еден Сеат Леон 2013 година со 1,2 тси и 86 кс со 120.000 км, пишува дека има сервисна од Порше со фиксна цена 7.700 евра, исто на ФБ, ако сакаш црвена боја