Не станува збор да те фасцинира колава за 12к, туку да те види господ со ново количе.
За фасцинации се знае, 20к ќе си плукнеш.
Требаше „фасцинира“ у наводници да го ставам, за да биде појасно.
Конкретново возило вреди да се земе предвид САМО поради акциската цена и поради просторот што го нуди (евентуално и поради стилот, пошто е така „младалачки“).
Според моето искуство со значително подобро опремено Типо во караванска изведба, ама со истиот мотор би рекол дека:
- моторот е грев. Споредено со 1.4 во службената и30ка што ја имаме, е како да има сидро закотвено... Додека качува обртаи, експоненцијално старееш. После неколку „забрзувања“, искачаш стар човек од колата.
- палките зад воланот се со чудна форма и под чуден агол, башка што таљаните штеделе на зглопчиња, па си идат така, малтене без осет. При најинтуитивното можно давање жмигавец, не ретко ми се дешаваше да пуштам дугачки светла, или да блендам.
- контролите/приклучоците пред мењачот се апсолутно бескорисни, ако имаш нормална големина на рака и/или не си проктолог.
- ако си човек со нормална висина, и малку натпросечна ширина, ќе треба да го решиш проблемот со десната нога - сечи/лепи/монтирај/уатевр... Или евентуално да ја сецнеш малку тоа пластиката од левата страна на мењачот, пошто после извесно време ќе ти се интегрира во ногата.
- infotainment системот е прича сама за себе. Многу неинтуитивен и имаше потешкотии да се справи со пуштање музика од телефон, приклучен со кабел. It does not get any more basic than this, али ипак, се мачеше кутриот.
- според мене, дифузерите за воздух на средишната конзола се премногу ниско поставени и симболите на „сребрената“ пластика не се лесно читливи/препознатливи.
- надворешните кваки на вратите - не можам да си објаснам зашто така ги направиле. Не е класична квака, кај што потегнуваш рачкиче накај надвор, или евентуално нагоре, неееее, that's not the Italian way. Кваките изгледаат нормално (како првите што ги наведов), и таман ќе земеш да отвориш врата, кога, жглаааап, каде бееее... На некој му текнало дека кваките само ќе изгледаат така, ама вратите ќе се отвараат со едно патетично мало јазиче од внатрешната страна на кваката (помеѓу рачката и лимот). Не се сеќавам кога последен пат сум сретнал кола со таков тип на кваки, али по мене е ужас.
--
- воланот е многу симпатичен, убаво лежи во рака и распоредот на контролите е доста интересен - има и на предната, и на задната страна.
- инструмент - таблата изгледа одлично.
- понудата на простор е сосема солидна.