Живот „на страна“ има свои предности и маани
Живот „во Центар“ има свои предности и маани
Живот во „приградски“ населби има предности и маани
треба на кантар да се стави и да се избере со здрав разум и да се помириш дека одлуката ја правиш за наредните бар 10-тина години
ќе тргнам од себе за илустрација,
1. Живеев во Центар, построг не знам дали може да биде, пошто беше кај Градска болница. Галама, бука, гужви, прозор не можеш да отвориш што од галама, што од смредеа на издувни гасови. Секој втор ден протести, полиција не те пушта дома да си одиш ако си со возило. Болницата, влези/излези брза помош. ВО тој период доле имаше клуб, Прет А Порте, викенд беше незамисливо да се спие. Не слушаш музика, туку само вибрации. (исто е и во зградите на Кеј). Од друга страна, секаде можеш да се движиш пеш. ГТЦ, на 5 минути, Градски парк на 20 минути, маркети, продавници, иако во близина има и градинка и училишта, таму не е за растење деца.
2. Живеев во Зградодром (пред Центар исто, таму го поминав детството и основно), децата се родија, проодеа таму, таму истераа градинки, големиот таму појде на училиште,маалски живот, деца на сите страни, игралишта, паркови, бисер...За млади семејства идеално. Но областа проектирана во 82-83-та не предвидувала дека по стан секој ќе има по 3 возила. Општо културата на живеење е на малку пониско ниво, од начин на комуникација, одржување хигиена итн. 15 стана во зграда, од кои 5 исклучени од парно, а 6 не плаќаат за чистачка.
ОУ споредено со тоа кога јас учев е на толку ниско ниво, да ти е срам да кажеш дека дете во школо си пуштил. Градинката беше друга приказна (таа кај ОУ Пулевски) и имаа одлична програма за децата, да се зачудиш дури и да си помислиш да не случајно во холандија ги носиш децава во градинка (не се зезам). Секое зимо и покрај тоа што околу се само згради и ниедна куќа, беше многу загадено. Многу. Навечер не се дишеше. СО децата имавме проблем константно, а со најпроблематичниот (заради претходна дијагноза) беше под постојана терапија со беби-халер и со инхалатор.
3. Живеев во Злокуќани, на страна. Слободата која ја дава куќа и двор нема да ја добиеш никаде. Скарата спремена во дворче е поубава од било која кафана, а релаксацијата и психичкото растеретување од секојдневни проблеми со косење трева, навадување, садење цвеќиња, патлиџанче....не се опишува и треба да се искуси.
Проблемот е што за секаде ти треба кола. Две. Ај јас поминав со мотор и кола. Децата на школо со кола, на тренинг со кола. Имавме Тинекс во близина, на 5 минути, па тука немаше проблем. Секогаш кога сакавме да прошетавме, кејот ни е тука, до Сити мол бевме за 30мин. пеш, Лептокарија 35 мин. Зимно време организацијата одеше малку потешко, пошто како што кажав, една кола. Па се чекавме, се собиравме итн.
Маалски живот нема. Децата ги оставивме да си се дружат сами со себе (маалку себично од наша страна), па гледавме да ги носиме чат пат со старите другарчиња да си поиграат. Сељандури староседелци со лопата да ги ринеш. 35 пријави добив зошто сум ставил тараби на оградата, пошто сељаците сакале да ме гледаат што правам во двор и кој имам на гости и како тоа сме си играле мал фудбал во двор. Пошто за ЕП2016-та утакмиците ги гледавме на тераса со отворени врати од дневната соба, ама заедно со нас и на ограда висеа локалците да не пропуштат некој гол. Целото ѓубре, во двор ми го фрлаа, за канти да стават не поднесуваат пријави.
Скоро никогаш немаше магла и сепак не беше до тој степен загадено како во Аеродром, а доволен доказ е што на најпроблематичниот комплетно му ја прекинавме претходната терапија. Иако на страна, иако покрај Вардар, каде цело време пирка ветре, зимно време се осеќаа пластиките и мебелот на кој се грее цела дива населба карши Канал 5. Ама кога јас пуштав пријави ми велеа дека ништо не можат да направат и дека немаат налог да влезат внатре и да контролираат што се прави. Еднаш успеав да издејствувам, пошто ги начекав комуналните инспектори кои беа дојдени „за мој случај“, па ги фатив под рака за да им покажам и да ми објаснат кои им се ингеренции и кој е надлежен да ги среди ѓубриштатата и депониите после Хјундаи накај Канал 5. И за воља на вистината, наредната недела исчистија и пуштија 2-3 секој ден да го чисти тој потег. Ама кратко траеше.
4. Купив стан во Козле и здравје од наредна недела би требало таму за продолжиме со живот. Козле, Тафталиџе во моментов е таков хаос, што е нормално кога од секоја барака се прави зграда, така да потрегата беше малку напорна. Продаваат станови и ти вели дека колата ќе ја паркираш на улица на тротоар. Барав Козле и околина заради блискоста на децата за училиште, сопругата за работа, мене за работа. Успеав да најдам, и купив стан во оградена зграда, со обезбедено место во гаража и без дозвола некој да се паркира околу наоколу, домар и видео надзор. Зградата функционира и се одржува тековно без никаков застој или проблем. Фирма е надлежна за одржувањето и како што разбрав одлично си ја врши работата. Станот е со отворен поглед према Водно, без бука од булевари, кафичи, дискотеки и без можност да се испентари друга зграда пред неа ( бар сега е така, ама кај нас се бидува). На сопругата и е 10 мин. пеш од работа, на децата 15 мин. до училиште, тренинг преку улица. Мене ми е 30 мин. пеш до работа, што не ми претставува никаков проблем. Во близина има Рамстор, Стокомак, Кам, Пазарче, Сити Мол е на 15 минути пеш. КОлата и моторот ќе си седат во гаража и ќе се користат по потреба.
Се распишав, ама се со цел за оние кои се во мисла што како, каде да си стават на кантар дека сепак треба да живеат во Скопје, и да не се повторувам секаде си има плусеви и минуси, треба да се направи разумен компромис, а разумен компромис си е разумен компромис не м ожам сега јас да ви објаснувам

и во калкулација да се земат севкупните тришоци кои ги сноси самото домување било каде во догледен период.
Ќе повторам, мене најдобри услови ми дадоа НЛБ со промотивната кампања која е во тек. Бев во Стопанска, Шпаркасе, Охридска. Али трае процедурата.
И да, земам кредит на стан кој не е во градба.
Со среќа во потрагата
