Автор Тема: Hyundai i10 1.1mpi 2011  (Прочитано 50575 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #45 на: 02 Октомври 2019, 16:35:52 pm »
41.100 км и 8 полни години, време беше за голем сервис.

Сменето:
Уље
Филтер за уље
Филтер за воздух
Филтер за гориво
Линиски ремен
Ребраст ремен
Лагер затегач
Семеринзи на брегаста и радилица (по дифолт се менувале)
Глицерин
Антифриз
Предни плочки на кочници

Останува уште проклетиот акумулатор кој веќе 2 години ме држи во неизвесност и никако да рикне ;D
Не очекував дека ќе трае волку долго.
Пу, пу, да не го урочам ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #46 на: 02 Октомври 2019, 17:41:57 pm »
damn, 8 години едвај 40.000км.. шитни аутото, (у)орчи ги парите, со парите уште 10 години со такси ќе се возиш кај сакаш ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #47 на: 02 Октомври 2019, 18:00:59 pm »
damn, 8 години едвај 40.000км.. шитни аутото, (у)орчи ги парите, со парите уште 10 години со такси ќе се возиш кај сакаш ;D
А замисли да купевме СУВиште, за жената кога ќе го вози детето да биде побезбедно ;D

Башка, Хјундаи е ова, по 15 години ќе вреди повеќе и од Киа ;D
« Последно менување: 02 Октомври 2019, 18:10:31 pm Mikius »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #48 на: 02 Октомври 2019, 18:50:45 pm »
Само Кајен за оваа километража. Или Q8. друго све е неисплатливо ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #49 на: 27 Октомври 2019, 09:43:44 am »
Деновиве приметив флеки од масло на бетонот во двор.
На прв поглед делуваше како да се цеди измеѓу блок и менувач и прва мисла ми беше семеринг на радилица бидејки со Симката на татко ми решававме ист проблем.
Си реков, марфиев закон, на сервисот пред месец дена сменија семеринзи од страната на ребрастиот ремен иако немаше течење, а сега протече од друго место.
Планирав некој ден од наредна недела да ја однесам во сервис, на жената и реков немаш гајле, не може да остане без масло.

Малку гуслав на интернет да видам дали е карактеристично волку рано да попушти семерингот и ми привлече внимание местоположбата на филтерот за масло. Земајки во предвид дека колата стои малку навалена бидејки дворот не идеално рамен си реков гарант се слева од кај филтерот, иако не ми беше јасно зошто дури по месец дена да почне да тече ако не бил убаво стегнат.
Ја ставив на канал, убаво почна да си капе од него за неполна минута работа на моторот колку што ми требаше да ја внесам во гаражата.
Фаќам со рака, филтерот ептен разлабавен. Не е можно така да останал толку лабав од сервис.
Единствено логично објаснување ми е дека филтерот не бил доволно стегнат за нијанса и дека притисокот од маслото полека го одвртувал.
Видов и неколку видеа каде без алат, туку само со рака го одвртуваат филтерот, што ми дава индиција дека на ист начин и се стега?! Можно ли е да е така по фабрички препораки? Во секој случај ќе се информирам.

00:32

Фрлајте поглед почесто под кола, никогаш не се знае :)


Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #50 на: 27 Октомври 2019, 10:01:15 am »
Istoto i mene mi se sluci na Picantoto, mi se razlabavi taka posle mesec dena, valjda ne go stegnale ubavo na servis  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #51 на: 27 Октомври 2019, 10:05:36 am »
Стегни убаво со рака, и уживај.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #52 на: 27 Октомври 2019, 10:24:25 am »
Го стегнав со рака колку што можев и плус уште малку со клуч за филтер.

Изгледа не бил доручкуван дечкото од сервисот ;D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #53 на: 27 Октомври 2019, 12:30:08 pm »
@Mikius ако решиш да ја продаваш, пиши едно пп пред да ја огласиш :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #54 на: 27 Октомври 2019, 12:31:37 pm »
Ќе го иселат од дома 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #55 на: 27 Октомври 2019, 14:31:26 pm »
@Mikius ако решиш да ја продаваш, пиши едно пп пред да ја огласиш :)
Не се прават повеќе овакви количиња без тач екрани ;D

Плус срам ми е да ја продавам, целата е испотепана и со модрици од невнимателни возачи на паркинзите наши :'(
« Последно менување: 27 Октомври 2019, 15:45:26 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #56 на: 29 Октомври 2019, 09:59:14 am »
Не сум пишал за ова :)
Пред неколку недели (последниот дожд) украдени беа метлиците.
Отидов до МП да купам Шампионови метлици (метални), но немаше. Ме мрзеше да трчкам да барам, зедов од "модерните банани" на Праксис бидејки се погодија за на i30.

Меѓутоа не легнаа на i10ката, на две места од шофершајбната оставаат флеки, односно не прилепува убаво гумицата на стаклото.

Бидејки старите метлици никогаш не ги фрлам, ги чувам во гепек за резерва, им ја извадив гумицата и им ја ставив гумицата од Праксисот. Среќа формата одговараше.
Операција успешна :)

Повторно морам да заклучам дека билокаков тип на метлица не одговара на секоја шофершајбна.

 

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #57 на: 17 Ноември 2019, 10:35:10 am »
Падна жртва. 
6 години по вулканизери со нивните пиштоли...
Лани успеав да најдам бандажи и почнав сам да ги менувам, ама доцна беше. Речиси ниеден шраф не иде мазно како на i30kata на која и го фатив редот од старт купувајки веднаш друг пар бандажи.

Некој со препорака каде да се среди проблемот?


Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #58 на: 17 Ноември 2019, 10:59:53 am »
Претходно го олабавив шрафот, кога почнав да одвртувам наеднаш заглави, вратив малку назад и повторно заглави, и веќе ни се одвртуваше, ни се навртуваше шрафот. Запнав малку појако и отиде.

Еве колку шпонови останува на навоите. Ова е на другото тркало, најверојатно тоа предизвикало зарибување.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7832
  • Плинаш!!!
Одг: Hyundai i10 1.1mpi 2011
« Одговори #59 на: 17 Ноември 2019, 11:14:24 am »
Ова мене ми личи на криво дека бил фатен мутерот и со сила(пиштол) бил стегнат. И за вадење, проблем. Од сликата се гледа дека навојот на штрафот почнал да се " јаде". Не би знаел каде би можел да го средиш проблемот.

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk