Темава ја отворив поради совет од типот мала класа по нова година или по старо возило од повисока класа.
Размислував да земам кола која што нема да изгуби многу од цената за околу 3год (на толку менувам). Некогаш би се помирил со тоа да возам „по грдо“ возило ако утре при препродажба ќе се продаде за кратко време без голема загуба. Гледав од „поновите“ возила кај нас над 2010год повеќето се скапи, најдов еден сивик лимузина 2007год дечкото ја продава 9100еур, е сеа хонда е, ама за мене не е ништо посебно затоа што сум го возел тој мотор 1.8 140кс во краткиот сивик и таа кола не оди, треба да ја јачиш скоро до црвено, што фајде од тоа возење. да ми ја даде за 7000 би се помирил со тоа и ќе си возам пензионерски, за 9000 не. На крајот на огласот пишува може замена само за бмв 320 (сватил и тој дека се заебал).
Како дојде моабетот за голфот: Го најдов овој
http://www.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11490528770228424&slink=3pafnn ми се допадна визуелно има од опрема тоа што ми треба и ми го дава по телефон 6500, таму уште 200 ќе му исценкам. царина е 2100-2300 еур и ќе дојде 8500еур комплет до Мк, за тие пари нема по оглаиве вака лична 6ка, и би го дал со 1000еур заработка да имам време да го рабоам тоа, ако беше ок да го возам за себе по 3 год ќе отидеше 7000-7500 гледајќи како оди цената на петката.
за квалитетот на Голф, купив голф 5 од германија 1,9тди со комплет историја и со 230 000км, сега е над 360 000, освен каиши затегачи водна пумпа сервисот кои што мора да се направи нема сменето ништо а се вози активно 4год. за продавање ќе отиде лесно оти е 2008
БМВ то, го возев 3 год и на препродажба околу 600-700 еур беше минус од тоа што го купив и тоа оти отиде кај свој човек, инаку можев и повеќе да му земам, ако го префрлев на мк дури и на нула ќе бев.
Се размислувам деновиве, гледам, од пријатели што имаат коли кои ми се допаѓаат прибирам информации. Најверојатно ќе земам нешто околу 08/09год, поновиве возила, 308, меган, сивик и слични сум ги возел, па шкода јети е 5 класи над нив. Возењето на меганот е толку пластично што не знаеш дали имаш контакт со подлогата или не, како колата сама да вози, нешто на кое што јас не сум научен. Сега сите нови возила можеби се такви, некому нема да му е чудно ако е научен да вози само ново, мене повеќе ми одговара нешто каде што преку воланот ја чувствувам подлогата, бмв-то добро се вози од таа гледна точка ама си има други маани.
Во врска со голфот, квалитетот му е неспорен, по огласиве германски можат да се видат примероци со над 400-500 000 со здрав ентериер и што добро стојат „на нозе“, Ц4 ја има комшијава до мене, 120 000 прв газда од аутонова, седиштето е партал, свети цела табла. Уште куп примери ги имам за набројување каде што голфот предничи, ама тоа оти сум за на психијатар и се дрогирам, затоа го фалам голфот.