Лошите резултати кои Mercedes Citan (луксузнaта и ребрендирана верзија на Renault Kangoo) ги постигна на неодамнешниот тест за безбедност Евро-NCAP, ја предизвикаа првата конкретна реакција. Управата од Штутгарт на вонредно сервисирање повика 3.500 сопственици на вакви модели, а се проценува дека нивната бројка ќе се зголеми на вкупно 10.000. Новите прозорски воздушни перничиња со поефикасен механизам за активација, кои ќе бидат инсталирани во сервисираните модели, треба да компензираат дел од слабостите кои основната структура на автомобилот ги покажала при страничен судир.
За Daimler AG, најстариот и најпознатиот производител на автомобили, особено за неговиот бренд Mercedes-Benz, чијe бизнис мотото e „Најдоброто или ништо“ очигледно веќе е направена непроценлива штета. По освојувањето на само три ѕвезди за безбедност (дури и кај корејските производители не доаѓа предвид ништо помалку од пет), директорот Дајтер Зече беше, и се’ уште е, подложен на голем број критики. Поради срамот и бизнис штетите кои ги претрпе најпрестижната автомобилска компанија, се шпекулира и за негова смена. Во секој случај, во Mercedes, упорно работат за санирање на штетите.
http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3816