Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 287230 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43490
  • Il Moderatore
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1500 на: 21 Март 2023, 21:16:32 pm »
Денес ми измина регистрацијата на службената, додека одговорните од фирма да средат уплатници тоа ќе биде уште некој ден.

Ме интересира дали можам да ја возам само со поминат технички преглед пред истек на регистрација, а  доказ имам со документ фактура од истото?
Документи од технички немам оставени се таму дека не им се средени уплатниците на фирмата.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Осигурање немаш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7317
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1501 на: 21 Март 2023, 22:14:02 pm »
Денес ми измина регистрацијата на службената, додека одговорните од фирма да средат уплатници тоа ќе биде уште некој ден.

Ме интересира дали можам да ја возам само со поминат технички преглед пред истек на регистрација, а  доказ имам со документ фактура од истото?
Документи од технички немам оставени се таму дека не им се средени уплатниците на фирмата.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk

Немаш авто одговорност полиса, не смееш.. казните за нерегистирано на правно лице се у пм. ;D

Иначе ти треба тековна состојба од фирмата, полномошно со архивски печат и обичен печат, уплатница заверена во банка или на пос терминал со картица од фирма (во псс барем иамм плаќано и со картичка за фонд за патишта)...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10140
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1502 на: 22 Март 2023, 00:24:06 am »
И да не се заборави дека пошто истечена регистрацијата, односно полисата,  дента кога е уплатена новата полиса почнува да важи дури од утредента.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1503 на: 22 Март 2023, 10:03:29 am »
Вчера ја регистрирав колата, по петти јубилејни пат  :) :

Технички 3878 мкд.
Јавни патишта 2201 мкд.
Осигурување 3800 мкд. (50% попуст)

Вкупно 9.879 мкд.

Еколошката такса е поскапа за 350 денари од лани (сега е 500 денари, лани била 150 денари) и плус техничкиот е поскап под изговор „оперативни трошоци за надоместоци“ сега е 1000 денари а лани како ставка „комплетирање документација“ било 678 денари, значи вкупно е поскапо околу 700 денари. Плус јас што си вадам медиум пакет доброволно, лани 300 денари, а сега е 450 денари.

Да напоменам за таблиците, ќути си трај си, јас пак со МК си останав и со истите таблици, тие што многу прашуваат им даваат Изјава да пополнат и да си уплатат за нови таблици.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1504 на: 11 Април 2023, 23:24:25 pm »
Во ноември месец ја регистрирав астрата и ме кошташе ≈12600 ден. како возач почетник.

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1505 на: 12 Април 2023, 00:42:18 am »
528i E39

Осигурување и зелен картон 14,200 ден.
Технички и патишта 9,600 ден.

= 23,800 вкупно.

Sent from my moto g(60) using Tapatalk

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3861
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1506 на: 15 Април 2023, 09:46:58 am »
Некој можеби знае или има информација...

Дали доколку се промени сопственик на возило, зелениот картон се пренесува на новиот сопственик (како автоодговорност), или престанува да важи и треба да се вади нов?

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1507 на: 15 Април 2023, 09:49:08 am »
Некој можеби знае или има информација...

Дали доколку се промени сопственик на возило, зелениот картон се пренесува на новиот сопственик (како автоодговорност), или престанува да важи и треба да се вади нов?

Sent from my Xiaomi 12x
300 денари кошта заменски зелен картон во осигурителната компанија. Само административен трошок е за образецот, и ќе биде со ново име.
И така ќе одиш за полисата да ти ја променат, (тоа е бесплатно бидејќи не е на образец), и успат смени си го и зелениот картон.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3861
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1508 на: 15 Април 2023, 09:50:53 am »
Тоа ми беше муабетот, дали е изводливо воопшто... Ако има начин, секако ќе се среди.

Фала.

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1509 на: 15 Април 2023, 10:28:11 am »
Тоа ми беше муабетот, дали е изводливо воопшто... Ако има начин, секако ќе се среди.

Фала.

Sent from my Xiaomi 12x
Предвидено е и изводливо. Во осигурителната компанија од кај што е, обрати се.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3861
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1510 на: 15 Април 2023, 13:31:18 pm »
Сменив сообраќајна, уште понеделнички да средам со зелениот картон.

Фала @Deni

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29388
    • CARclub.mk
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1511 на: 11 Мај 2023, 14:18:25 pm »

Следниот пат кога ќе ви текне да го почнете „ама зелениот картон во Србија е бесплатен“ муабет - регистрација (сосе осигурувањето) за Alfa Romeo Giulia 2.2 дизел во Србија е 92.000 Динари, односно нешто под 800 евра.

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 447
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1512 на: 11 Мај 2023, 17:21:42 pm »

Следниот пат кога ќе ви текне да го почнете „ама зелениот картон во Србија е бесплатен“ муабет - регистрација (сосе осигурувањето) за Alfa Romeo Giulia 2.2 дизел во Србија е 92.000 Динари, односно нешто под 800 евра.
Во србија секоја кола/возило што е над 2.0 се рачуна за луксуз и си има поголеми такси провери колку кошта 1.6 или 1.8 па и 2.0 возило
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1513 на: 11 Мај 2023, 17:23:36 pm »
Многу логично, зарем не?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43490
  • Il Moderatore
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #1514 на: 11 Мај 2023, 18:16:59 pm »
Отприлика вака:

Ако возиш стара канта со 6л мотор, постара од 20 години, не е страшно.