Автор Тема: Кои се причините за зголемениот број сообраќајни несреќи ?  (Прочитано 24570 пати)

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20628
Кај нас ќе си го извозиш цел автопат во контра смер. Во „белиот свет“ ќе те уапсат уште првите 500м. Тука е разликата.

Во „белиот свет“ (фала Бугар) не сум видел некој намерно да вози контра смер на автопат. Кај нас еве глумат "Ghost Riders". Мене ми се деси вакво нешто пред повеќе години кога идев накај Тетово. Крембилот возеше у контра смер на најлевата факин лента!! Бар да беше у најдесната све му најмило ја него.

http://grad.sk/article/informacii/ne_znaeme_dali_e_tochno__ama_neka_go_ima-6424-2706-59

Другар ми го прати ова вчера, си мислев дека е некој кромид. Можно ли е некој да е толку ретардиран?

Тоа праиме муабет уназад извесно време.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
да земеш трските у гз да им ги напикаш и плус месец дена во Шутка директива!

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Алхохолот и брзото возење се најголемите причинители и тука нема дискусија. Колку и да изгледа како да кажам глупо што се спомнуваат цело време ама така е. Секако дека постојат и други кои веќе беа спомнати. Иначе ова што се случува со сообраќајките во последно време, веќе стана многу сериозно и загрижувачко.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Има многу голема дискусија. Заради која и е отворена темата.

Еве примери од денес:

http://www.press24.mk/vozel-vo-sprotivna-nasokae

http://www.press24.mk/tragedija-pochina-bebeto-koe-se-rodi-po-soobrakjajkata-kaj-mavrovka-pomina-na-crveno

http://lokalno.mk/maloletnici-povredeni-vo-soobrakjajka

Ова е реалноста во Македонија.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2700
  • Слобода или смрт
Алхохолот и брзото возење се најголемите причинители и тука нема дискусија. Колку и да изгледа како да кажам глупо што се спомнуваат цело време ама така е. Секако дека постојат и други кои веќе беа спомнати. Иначе ова што се случува со сообраќајките во последно време, веќе стана многу сериозно и загрижувачко.

Многу добро кажано.. Има некои што упорно пијат и возат и дури те убедуваат дека се добри возачи кога се пијани. Нема полн месец другар така седеме на кафе и се фали како он може комотно да возе и пие.. недела подоцна на мост ја качи на едниот и на другиот тротоар. Разеба цела предница..

Имам возачка повеќе од 2 години и никогаш досега не сум се качил во кола а да сум се напил алкохол претходно. Возењето и пиењето не идат заедно.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Колку што знам во последно време погинаа многу млади "возачи", кои само што положиле (а убаво рече Зеро дека ги учат да положат, а не да возат) и тате им купил одма BMW 320D M PACKET FULL ***** KOZA KLIMA 150 KONJI NOVIOT MOTOR и новиот мотор потпомогнат со многу алкохол и кратки сукњици на задно седиште си го носи тоа што следи, уште ако е подмрзнато/влажно .. успехот е загарантиран. Ич ама ИЧ не ми е гајле што ќе погине некој таков, него не е праведно што со него ќе однесе уште неколку невини животи кои за нивна несреќа се нашле на погрешно место во погрешно време.


 

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Увозот е еден од најголемите проблему! Наглото зголемување на автомобили ама и сите станаа возачи.
18 годишни деца со "бесни" коли - е тоа не оди!
А кај нас "пијан" си и после едно скопско, така да тоа е малку релативна ствар дали и колку % од сообраќајките се од пијани возачи. И до вчера исто беше, или наеднаш цела држава пијаници станаа..
мачкање очи од сите страни. Погледнете малце подалеку, околуи себе да видите што всушност се дешава у оваа наша држава (дури ми е срам да ја наречам држава, пошто сме примитивни).
Автопати, патишта немаме никакви..Изиграваме рели возачи избегнувајќи дупки низ нашиот гад Скопје. Тотална нетолеранција владее кај нас, поготово за Скопје. Не дај боже некој некогаш некаде да те пропушти, ма бог да чува! Сите се изреволтирани, се казнува селективно (уствари се се прави селективно) и ни е преку стојко од тоа. Луѓе возат со 200 км/х на главни улици (па и во спротивен правец. се случува еве екоја вечер накај 1-2-3 саат да летаат низ ѓорче како да се на писта) а казнуваат за зборење на телефон додека седиш на семафор или за кучето на велештрумф кое не носело маска, пошто е опасно нели. И како во ова наше општество да бидне нешто? Секој си прави како сака. Ние секојдневно изиграваме рели возачи избегнувајќи дупки и кратери низ Скопје, претседателот троши 5000 евра за вратоврски.

Човечкиот фактор? Неприлагодената брзина кон условите на патот? Секогаш е тоа. 95 % од собраќајките се поради тоа. (според сите извештаи)
А што ние глупи сме? пиеме нафта (додуше затоа постојат турскиве серии, да не отупават уште толку), не глеаме што се дешава, гинат деца, гинат невини, зашто затоа што на некој мајмун му текнало у тој момент нешто?
Доколку на прво место постојат норми за поминување на еден ебан технички, приказната ќе биде друга, а не картинг да им однесеш ќе добие сертификат дека е ок возило. Кој се замара со тоа?Такси возилата, па гледаме во колку сообраќајки секојдневно се инволвирани и таксисти. Па неможе секој да биде таксист. Неможе, Едноставно неможе. Какви коли возат таксистите, со тротинет да се учука пола ќе му се искрши. Мора да има некој правила, прописи, кои ќе се почитуваат, а не само да бидат донесени колку за лепе очи.

Многу е поголем проблет во државата, која не прави апсолутно ништо. Не само да направи асални патишта, туку кога се казнува да се казнува како што треба, да се наметне една сообраќајна култура! А не само да читаме во предизборните кампањи и програми дека нешто ЌЕ се направи. Ама глуп народ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Нема пари државата. Од таму и сите други проблеми.

Што поголема просечна плата, тоа помалце сообраќајни несреќи.

Country             monthly net  death per 100.000
United Kingdom   2722            5.1
Switzerland        5600            5.3
Germany            2824            6.9
Romania             485             40.1
Serbia                518            43.2
Bulgaria              442             37.0

Зависноста е очигледна.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Се што се наброја е во ред и многу точно.

Би издвоил дека секој ропак од пешки што се качува на БМВ (ма какво БМВ, Голф 4) во 90% од случаите ја удира во првите 3 месеци.

Наравоучение - неможе од пешки на (релативно) брза кола.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер

http://www.press24.mk/vozel-vo-sprotivna-nasokae

Овој па сред бел ден нашол да вози у обратен смер... На ваквите одзимање возачка ДОЖИВОТНО и најстрога затворска казна, а да ми дојде мене вака пред очи кој не го згрбачи од мавање те ја, а тие велешаните низ тоа провалијата ќе ги фрлам
No turbo, no fun :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43647
  • Il Moderatore
Нема пари државата. Од таму и сите други проблеми.

Што поголема просечна плата, тоа помалце сообраќајни несреќи.

Country             monthly net  death per 100.000
United Kingdom   2722            5.1
Switzerland        5600            5.3
Germany            2824            6.9
Romania             485             40.1
Serbia                518            43.2
Bulgaria              442             37.0

Зависноста е очигледна.


Ова веќе има некоја здрава логика. Мада, јас пак не разбирам. Сите некако гледате апсолутни бројки.
А бе 40% за една година зголемен број на жртви! за ЕДНА ФАКИН ГОДИНА? Не може да се сменат луѓе, сиромаштија, просечни плати за една факин` година. Може само некој да престане да си ја врши работата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29596
    • CARclub.mk
Не е дека бројката на жртви се зголемила заради една единствена работа.

Многу работи придонеле по малку. Наведов еден куп во мојот прв пост на оваа тема, ама дискусијата (погрешно) се сврти во насока на мороните што возат во обратна насока на автопат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43647
  • Il Moderatore
Има погинати од некој што возел обратно по автопат во 2013 година?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14236
  • Пудингот на шоферството


Ова веќе има некоја здрава логика. Мада, јас пак не разбирам. Сите некако гледате апсолутни бројки.
А бе 40% за една година зголемен број на жртви! за ЕДНА ФАКИН ГОДИНА? Не може да се сменат луѓе, сиромаштија, просечни плати за една факин` година. Може само некој да престане да си ја врши работата.
Симо,кој не си ја брка работата?На секое пишување дека некој член(или познаник на член) го застанале и казниле се одговара дека требаат пари на државата.Или па некој ке кажи дека тогаш и тогаш таму имаше полиција и застануваа,мереа со радар и сл...пак истиот муабет,празен буџетот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Колку што знам во последно време погинаа многу млади "возачи", кои само што положиле (а убаво рече Зеро дека ги учат да положат, а не да возат) и тате им купил одма BMW 320D M PACKET FULL ***** KOZA KLIMA 150 KONJI NOVIOT MOTOR и новиот мотор потпомогнат со многу алкохол и кратки сукњици на задно седиште си го носи тоа што следи, уште ако е подмрзнато/влажно .. успехот е загарантиран. Ич ама ИЧ не ми е гајле што ќе погине некој таков, него не е праведно што со него ќе однесе уште неколку невини животи кои за нивна несреќа се нашле на погрешно место во погрешно време.


 


Родителите во најголем % купуваат бемве или нешто слично со цел синот полесно да им се ожени...