Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408139 пати)

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2085 на: 10 Октомври 2017, 12:05:35 pm »
^^
Тоа е уште еден тренд што ни е наметнат од западот (како многу други).
Сами сме криви што сме го прифатиле, ама да не се правиме глупи и за тоа од каде доаѓа трендот.



Мене повеќе ме плаши наводнувањето со фекални води одколку Гмо.
Само заради детергентите и сличните хемикалии. Човечкиот измет е одличен извор на ѓубриво.



пс. Со стариот ќе ги корнеме сливите (околу три хектари) и ќе насадиме детелина и граор за сточна храна.
Чуваат твоите стока?
Сигурно е најисплатливо со своја храна. Каква/колку работа бараат културите како детелина и граор? (како се справувате со плевели (трева), и како се жнеат/собираат детелина и граор, слично)

Неисплатливи се сливите? Или имаше проблеми со болести/штетници?
Патем еве една интересна идеја за справување со проблемите кои се јавуваат заради садење монокултури.
(скокај одма на 11-12та минута ако не ти се гледа како спремаат доручек)

Инаку човеков имал овоштарник со јаболка, и сите заебанции што се дешаваат кога се оди на органско производство на монокултура: болести и штетници. Потоа излегол со концепт на садење редови од 3 дрва, две несродни овошки и едно неовошно дрво за реглирање на азотот во почвата. Меѓу дрвата сади разни грмушести овошја, или зеленчук. На крај сето тоа го комбинира со подвижен кокошарник, кокошките ги јадат плевелите и ја ѓубрат почвата). Мене (признавам лаички, ама) концептот ми делува многу паметно. Нема доближени дрва од ист вид, и штетниците и болестите не се пренесуваат од дрво на дрво без проблеми. Разновидноста во садниците прави разновидност од инсекти, што поканува разновидност од предатори (птици/змии/итн). Посебно птиците се корисни во справуавање со штетници како гасеници, итн...

Единствено проблем, од економски аспект, би бил пласман на органски производи во ваква средина (како нашава) каде нема некој развиен пазар за такви производи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2086 на: 10 Октомври 2017, 13:24:45 pm »
.....

Не чуваат моите стока. Едноставно имаме многу ниви и да не стојат така. Производството на сточна храна е комплетно механизирано. Косачка + Балирачка + сенообраќач и трактор со предни виљушки за товарење. Релативно лесна работа. Плус сееме жито (пченица, јачмен,'рж) за да има колку толку леб. Селска куќа не ја личи без жито.


Така се сливарниците и праските кои ги имавме. Измеѓу имаше најразличнни сорти и дрвја. И во сливите и праските мораш да насадиш од старите семиња(сорти) заради запрашување и мешање на генот и хибридниот корен, за да имаш добар производ на крај. Миризбата и вкусот на праските, или сливите доаѓа од старите семиња, а не од хибридите. Но кога има болести, за жал другите култури болеста ги прескокнува. Затоа што, кога врне во Македонија, најчесто истура и е влажно со денови.

После дожд мораш да ги ораш, пошто наеднаш почнува пек/ветар и ја суши горната површина на земјата и станува како тепсија. Влагата од горниот слој испарува наеднаш и во комбинација со лисјата/зеленилото и пареата е ептен поволна за развивање на најразлични болести.
Мораш да обраќаш со плуг, па култиватор за да ја извадиш таа вишок вода од самата почва. После орање, во рок од еден ден мораш да закачиш атомизер за пестициди, иначе цела плантажа/посев ќе ѝ се ебе матер. Кога има такви чести врнежливи периоди, најчесто перкаме вар и модар камен по неколкупати во тие измеѓу-прскања, за да не ги труеме дополнително самите овоштарници. Ама не секогаш помага.

За мулти-култури. Садевме низ овоштарниците и пипер, лозје, домати итн. Тие култури ја истоштуваат земјата до максимум, без разлика колку вештачко ѓубриво ставаш. За двојна култура треба доста дебела земја и ѓубрена со арско ѓубре на сезони. И пак ќе добиеш незадоволителни резултати. Друго, ако имаш поголеми дрвја, прават многу сенка, и пола од втората култура ќе нема можност да извади плод. Ако запатка дожд, немаш можност да ја извадиш влагата од земја. Со други зборови, сигурна смрт на самите дрвја.

А за инсектите и штетниците, има доволно диви птици во полето да изиграваат кокошарник. Ама пошто сите шуми/дрвја по планините се исечени, има страшни напади на гасеници/ларви на самите овоштарници.
Јас не знам дали некој од тука всушност ја има видено реалната слика колку е соголена и боса внатрешноста на Македонија. Не зборувам за муабет, туку ситуацијата на терен е страшна. Ерозија, голи ридови, неконтролирани сечи, систематко уништување на биодиверзитет (и растителен и животински). По полињата низ Македонија има глад, има многу помалку животни/птици и луѓе. За намалување на земјоделското производство/производство на било каква храна/сточарството е на минимум. Балансот на прозиводство, луѓе и природа е уништен.

Малце агит-проп.
Кога погледне човек од друга референтна точка, може само да заклучи дека ние имаме таква пеколна омраза кон самите себе заради таквиот однос кон самите себе. Друга причина и објаснување јас не можам да си замислам. Сето тоа е благодарение на живи луѓе што сите ги знаеме со име и презиме. Но, полесно е да се обвини западот, затоа што западот е генерален и абстрактен ентитет. Никој не сака да зборува за реалноста и проблемите. Никој не сака да се соочи со вистината дека треба да работиме. Никој не сака да се соочи со самиот себе дека генерално е лош човек и дека си наштетува самиот на себе и на другите околу него. Никој не сака да помисли за утре. Никој не сака да научи да биде подобар кон себе, и кон природата.

Мнозинството од луѓето денес кои имаат одлучувачка моќ се образовани после 1991ва година. Во независна Македонија. Сите луѓе се резултат на нашето најдобро образование, идеи, социјално чувство за припадност, љубов кон родината и природата. А за тоа не е западот крив. За тоа е крива нашата колективна неспособност.





Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2087 на: 10 Октомври 2017, 15:01:31 pm »
Луѓето кои овде имаат одлучувачка моќ (независно од составот на владите), на жалост се само екстензии на западните клептократи. Ова не го велам заради промовирање на некоја идеја дека „истокот“ е подобар, туку како објаснување зошто работите се такви какви се, и овде и во целиот регион (и пошироко).
Луѓе со квалитети кои ги би ги решиле проблемите за кои пишуваш погоре, едноставно не се луѓе кои имаат шанса да стигнат на позиција на власт. Ниту колку што има шанси снегулка во пеколот.

Дали нашето немање свест (а со тоа и капацитет за делување) е резултат од западното влијание и контрола однавор? Или нашето немање свест резултира со (негативно) западното влијание и контрола?
Што е постаро, јајцето, или кокошката?

Сеедно всушност. Пошто на исто се сведува.
Важно е да се разбере генезата на проблемот, за истиот да може макар да почне да се решава.


Она што останува, како надеж за подобро утре, е зголемување на свеста и знаењето на популацијата. Со зголемување на свеста и знаењето ќе се намалува толеранцијата за срањата кои се случуваат, од економски и еколошки аспект. Со намалување на толеранцијата од гласачкото тело, автоматски ќе се зголемува „грижата“ на политичарите, пошто потребата за останување на власт, долгорочна корист од останување на власт наспроти кратокрочна корист (заради незадоволни гласачи), е единственото нешто што е појако од контролата на странските хендлери (чија најмала грижа се локалните економски и еколошки неприлики).

Работите за кои пишуваш погоре. Уништувањето на природните ресурси, загадувањето, сето тоа е резултат од немањето на критичка свест во јавноста. Немањето казнување, поттикнува повеќе престапи. Немањето на критичка свест резултира со се повеќе и повеќе неодговорни постапки на политичарите (сеедно од која партија). Примери има многу. Од неодговорното и неселективно сечење на шумите, до последиците од прекумерна употреба на тие дрва за загревање во градовите. Загадувањето на почвата и водите и воздухот. Губењето на старите семиња од старите докажани сорти... Технологиите како ГМО, повеќе хербициди и пестициди, нема долгорочно да го решат проблемот. Не затоа што немаат потенцијал да го решат проблемот, туку затоа што се насочени исклучиво кон зголемување на профитот на големите газди на индустријата.

Само зголемувањете на свеста и знаењето, може да створи услови за постепено подобрување на работите од било кој аспект. Долгорочни планирања за долгорочни и одржливи решенија. На жалост, од „развиениот свет“ денес немаме на понуда никакви решенија од долгорочен и одржлив вид. Од тој Запад ни се нудат само неоддржливи и краткорочни решенија, како актуелната техологија за ГМО. Решенија за зголемување на нивниот профит.  :-/

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #2088 на: 10 Октомври 2017, 15:09:24 pm »

Мнозинството од луѓето денес кои имаат одлучувачка моќ се образовани после 1991ва година. Во независна Македонија. Сите луѓе се резултат на нашето најдобро образование, идеи, социјално чувство за припадност, љубов кон родината и природата. А за тоа не е западот крив. За тоа е крива нашата колективна неспособност.



Нека трепка

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2089 на: 10 Октомври 2017, 15:28:38 pm »
Не можеш да го обвинуваш западот затоа што ти е исечена шумата во некој парк/планина. Не можеш да го обвиниш западот затоа што Босилово нема канализација. Не можеш да го обвиниш западот затоа што некој одлучува да се пресметува со луѓето кои пробуваат да направат разлика на локално ниво. Не можеш да го обвиниш западот затоа што чистачот во едно основно училиште е ставен од Скопје. Не можеш да го обвиниш западот затоа што сме зариени во ѓубре. Не можеш да го обвиниш западот, затоа што се уништува овоштарник, се прекопува регионален пат, за да се стави канализација, кога имаш избор да не го правиш тоа. Не можеш да го обвиниш западот за во 21ви век да немаш квалитетна вода за пиење во Гевгелија/Валандово/Неготино. Не можеш да го обвиниш западот за стварање неконтролирани сечи на Плачковица. Не можеш да го обвинуваш западот за интелектуалниот распад на образованието. Не можеш некој друг да обвиниш за сопствениот избор за гниење на сопствените интелектуални и умствени способности.

Треба да научиш и да поживееш на запад, за да научиш за западот и како функционира. Средностатистички човек од Запад не ја уништува природата. Средностатистички човек од Македонија/Балканот сере и уништува каде и да стапне. Клучната разлика е што кај нас никој не пробува да биде подобар човек сам за себе. А ако секој човек не се стреми да биде подобар сам со себе, што останало за другото.

Западот е курва со двојни аршини за меѓународни односи. Западот работи како на него му одговара. И тоа е лекција што треба секој да научи од неа и да извлече сопствени заклучоци. На западот не му е родено право да има двојни аршини. Западот се изборил и платил со крв да биде тој со двојните аршини.

Проблемот што јас и ти конкретно го имаме во меѓусебните преписки е, што јас лично не можам да ти го доловам моментот на колективна неспособност и бесрамното само-величење кое резултира од таа неспособност. Затоа што ти мислиш дека во неа западот има замешано прсти и нѐ контролира на секаков можен начин. Јас ти велам дека и без западот ќе бидеме истите.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: ГМО
« Одговори #2090 на: 10 Октомври 2017, 15:41:03 pm »
Можеш да го обвиниш западот за се. Така е најлесно :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2091 на: 10 Октомври 2017, 15:43:35 pm »
Не се согласувам, посебно не во констатацијата дека по дифолт западњаците се фини, а ние сме гомнари. Пак идеме до дилемата што е постаро, јајцето или кокошката... Многу примери знам за овдешни гомнари кои овде плукаат серат и фрлаат ѓубре каде стигнат, но кога ќе отидат во западни држави наеднаш стануваат „фини“, од аспект дека ѓубрето го фрлаат во корпи, не плукаат и не се понашаат како кретени во јавност. Знам и за западњаци кои овде кај нас се понашаат слично со нашите гомнари. Знам и многумина фини луѓе овде, кои не се ништо помалку фини од фините луѓе на запад.

Разликата е во спроведувањето на законите и функционирањето на државата. Таму на западот законите се спроведуваат. Овде не е така, или законите се сприведуваат само спорадично (ако немаш врски да повлечеш, или ако си од другиот политички табор).
Во тоа е разликата. Во спроведувањето на законите. Затоа нашите кога идат во Финска стануваат фини. И вај-верса.

А за спроведувањето на законите, и функционирањето на државата, одговорни се политичарите. Кои наводно ние ги бираме, ама во реалност на власт ги поставува, и контролира, западот. Тоа истото важи и за сегашната власт, и за претходната. Кој знае, знае, нема сега да елаборирам. Но истото важело, и изгледа ќе важи, за сите владеачки гарнитури овде.
Тоа контролирање, и поставување од странство, ги прави политичарите да не се замараат многу со критичката свест и лутината на самите гласачи. Гласачите се истренирани да бидат навивачи, и како навивачи на спортски клубови, да навиваат за својата партија без критичка свест за срањата кои ги прават политичарите од партијата за која навиваат.

Затоа не се спроведуваат законите, и не ни функционира државата. Затоа е исечена шумата во планините, и затоа Босилово нема канализација (а редовно има избори и изборни кампањи каде им се ветува се и сешто).

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2092 на: 10 Октомври 2017, 15:57:57 pm »
Прво и основно.
Јас никаде не реков дека западот е фин. Не ми ставај зборови во уста. Со моите чкрбаници немам намера да го величам западот. Доволно време живеам на запад да знам подобро.

Интересно е што кога дискутирам и со други луѓе од нашите краишта, кога ги поставувам прашањата и тезите за ситните работи кои не се во надлежност на западот, туку на локалните јајцеглави/политиканти/директори, секогаш го добивам истиот однос(прашање): “Зошто го заштитуваш западот, и велиш дека западот е фин?“. И секогаш посочувам, каде реков дека западот е праведен, фин, цвеќе за мирисање. Па има непријатна штама од 30 секунди.
Пљукање по западот му доаѓа како условен рефлекс...

Друго, ако некој те ставил на позиција, сигурно не ти направил лоботомија во процесот. Пак ќе кажам, го боли стапот Хојт Ли/Прибе/Бејли дали Секирник има колектор за отпадни води, или на Моноспитово отворената канализација завршува директно во стакларниците и фолиите. Или ги боли нив дали два-пати неделно има агрономи во секое село кое произведува земјоделски продукти да ги советува производителите. Или дали нотарот има селски канцеларии за заверки на документи за субвенции во селото или мора селаните да патуваат 30км за да заверат еден документ. Или дали земјоделците ќе плаќаат ддв на нафтата од 5% или 18%, или ќе бидат ослободени од ДДВ. Ги боли нив за малите занаетчии, локални бизнисчиња....

Зборуваш многу генерално за западот, а не ги знаеш реалните проблеми на ближниот, на производителот, на обичниот работник, на младиот човек. Тие реални проблеми не се од западот, туку од нас самите и нашата неспособност.



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #2093 на: 10 Октомври 2017, 16:13:43 pm »
Можеш да го обвиниш западот за се. Така е најлесно :)

Eден другар викаше дека циа треба да наплаќа за пр услуги од сите аутократи и диктаторчиња низ светов, пошто чим нешто дома им зачкрипи - „ааа ние не сме криви, тоа циа местела, не заебаа, нов светски поредок, гмо бла-бла...“ а гласачко тело у затуцани земји тоа го купува! Каква работа им завршуваат тоа не е нормално. Универзална get out of jail free карта за сите нестабилни криптонаци-псевдодемократии у светов на чело со хетеросексуалниот алфа мажјак кој, во својата мудрост и одлучност, ги прозрел намерите на западот да го уништат нивниот напатен народ.  :) Тоа не е забенција, таков пр сапорт пари вреди

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2094 на: 10 Октомври 2017, 16:13:54 pm »
Не знам зошто спомнуваш реакции од други рандом соговорници, и продолжуваш со истите аргументи... Мислам дека јас јасно објаснив, што јас мислим дека е причината за несовесноста на политичарите:

Тоа контролирање, и поставување од странство, ги прави политичарите да не се замараат многу со критичката свест и лутината на самите гласачи. Гласачите (заради невредноста на нивниот глас) се истренирани да бидат навивачи, и како навивачи на спортски клубови, да навиваат за својата партија без критичка свест за срањата кои ги прават политичарите од партијата за која навиваат.

Бејли (и другите хендлери) и тоа како ги занима да имаме на власт што покорумпирани ликови. Колку покорумпирани толку полесни се за контролирање. Кога хедлерот ќе нова територијална поделба на општините, Грувски извршува. Кога хедлерот ќе каже СКОК (нови закони за јазици и увертира во федерализација) Заев вика КОЛКУ ВИСОКО?
Епа тоа се истите партии кои работат и на општинско ниво, и повторно, затоа Босилово нема канализација, Секирник нема колектор за отпадни води, и во Моноспитово отворената канализација завршува директно во стакларниците и фолиите. Пошто политичарите генерално ги боли курот што мислат гласачите.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2095 на: 10 Октомври 2017, 16:19:07 pm »
...

Политичарите колку што проверив последно и знам се луѓе како нас, произлезени од нас самите, нечии браќа, чичковци, тети, сестри, внуци. Не се увезени од запад. А зошто немаат чувство на припадност и свест е друга работа.

А за тоа што спомнувам реакции од други луѓе е да ти споделам дека не си единствен кој ме опишува како љубител и фан на западот.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #2096 на: 10 Октомври 2017, 16:26:23 pm »
Се е тоа ОК, само не ги адресира аргументите кои ги изнесувам. Баш во тоа е еден од главните аспекти на проблемот, тоа што поставените политичари „немаат чувство на припадност и свест“, тоа всушност е главната причина зошто истите воопшто се поставени таму (на власт). Самиот факт дека политичарите на власт се толку очигледно коруптирани, влијае на гласачите да не гледаат критички туку да се однесуваат како навивачи (на спортски клубови).

Политичарите не се грижат за својот реизбор како што тоа реално треба да биде. После Мурто пак иде Курто, па после пак Мурто, па Курто... Од тоа произлегуваат понатаму сите други срања за кои зборуваме.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: ГМО
« Одговори #2097 на: 10 Октомври 2017, 16:42:25 pm »
Интересен пример или класичен пример од Македонија. Во неколку преспански села ЕУ или некоја друга странска сила донираше пари за иградба на централна канализација. Се ископаа улици и се поставија цевките низ селоата ама парите не стигнаа и така си остана се раскопано. По некоја година ги асфалтираа на ново улиците, без да ја комплетираат канализацијата. И така голема сума пари замина низ вода.

За ова не е никој крив освен самите ние. Да беше локалната власт позагрижена за околината ќе се потрудеше да го доврши проектот а не да тури асфалт одзгора.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5041
  • The Spartan General
Одг: ГМО
« Одговори #2098 на: 10 Октомври 2017, 20:42:29 pm »
Политичарите се неодговорни, затоа што сите ние сме неодговорни како група, а не заради западот. Тоа што западот ја искористува таа карактерна црта е друга работа.
Не може некој да те искористи, или да ти даде нешто на сила (во овој случај власт). Може само да ти ја земе (во овој случај власт).

И последно, народот избра како што јас сум избрал пред многу години. Да не се заебава и замелушува со глупости, туку да си го фати патот додека е време.

Но, да се навратиме на темата за ГМО.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #2099 на: 10 Октомври 2017, 21:57:33 pm »
...ние сме неодговорни (...) западот ја искористува таа карактерна црта...

Oваа проста релација, за жал, за повеќето локални просветлени ѓеостратези е виша математика.