Автор Тема: Open loop and Closed Loop  (Прочитано 1456 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Open loop and Closed Loop
« на: 09 Август 2013, 23:03:51 pm »
Често ги слушаме овие изрази и кога сакаме да ги протолкуваме, најчесто наидуваме на на сложени неразбирливи (no user friendly) дефиниции и сл. Целта на отварањево на темава ми е баш упростувањето на истите, а верувајте за ентузијастите кои знаат како да го искористат ова  - многу значи. Секако дека јас нема да можам детално да ги елаборирам, ама затоа carclub има многу млади потенцијални вундер кидс-ови :) кои верувам дека ќе ја збогатат темава со нивни лични излагања, постарите со нивните искуства и тн.
О.К. да не паламудам многу - преѓимо на ствар :D

Оpen Loop и Closed Loop се два термина кои се користат да го објаснат модот на ECU-то во врска напојувањето со гориво. Најпросто, во затворена петља, така да ја наречам (Closed Loop), ECU-то напојувањето со гориво ги отчитува параметрите од кислородните (О2) сензори или народно ламбда сондата која отчитува +/- 14.7 AFR (14.7 единици воздух во однос на една единица воздух) и прави корекции да го задржи истиот сооднос. Ако колата е во лер, на пример и односот е 13.5, ламбда сондата ќе го искорегира да биде повторно 14.7:1 со додавање на гориво.
Во отворена петља (Open Loop) додавањето на гориво се базира врз основа на отчитувањата на MAF сензорот и на open loop fuel table кој треба да се искалибрира при секоја замена на MAF сензорот. Овие промени сигнификантно влијаат на отчитувањата на протокот на воздух од MAF сензорот.
Кога го стартувате возилото, компјутерот е во open loop, додека не се загрее ламбда сондата (има посебни грејачи во неа).
Кога ќе се загрее О2 сензорот, колата влегува во затворена петља (Closed Loop) и истата ги врши понатамошните корекции на напојувањето со гориво.
Компјутерот може да влезе во open loop и под други услови, на пример позицијата на педалата за гас. Значи кога педалата за гас ви е to the metal, колата влегува повторно во open loop.

Има многу примери и муабети за зборење, ама да оставиме простор и другите да се искажат. Можда ова што го наведов и не е баш така ???

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #1 на: 09 Август 2013, 23:11:02 pm »
Џиџи немој ваков сајан сфикшн во доцни часови ;D
И јас сум го гледал ова, Torque ми го покажува кај Спаркот ама не ми е баш кристално јасно за што се работи.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #2 на: 09 Август 2013, 23:13:44 pm »
Хахаха а бе спиздев од бла бла муабети на форум за коли, капираш? Имаме муабет за до 100 и една и назад, а муабетиме за педери, рекла казала и слично. Срамота е бе... да го задржиме нивото - carclub НЕ Е ЗАЕБАНЦИЈА !!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34066
  • Таков е животот... јебига
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #3 на: 09 Август 2013, 23:16:15 pm »
Џиџи и педерите не се заебанција, туку ај.
Кај е сеа ФилипВ да објасни што е оупен луп/клоуз’д луп...

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #4 на: 09 Август 2013, 23:54:57 pm »
Џиџи, скоро се кажа во главни црти....да ја затвориме темава... ;D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #5 на: 10 Август 2013, 01:20:21 am »
Многу добро објаснето, преку ова може многу лесно да се разбере од каде доаѓа каснењето или „мрзливоста“ на педалата за гас кај моторите со директно вбризгување за разлика од карбураторските системи.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43646
  • Il Moderatore
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #6 на: 10 Август 2013, 09:28:26 am »
Не, каснењето го нема кај системи со директно вбризгување и сајла за гас.
Каснењето се јавува кај системи кои имаат електронска клапна со електро-мотор. Системот кај овие со електронски ТБ, e малку подруг, тие ја отчитуваат позицијата на педалот за гас, според тоа одредуваат што треба моторот да направи, па почнуваат... Отвораат лептир за гас колку што треба (не е директно врзана позицијата на педалот со позиција на ТБ), подесуваат каква да биде смесата, проверуваат преку ламбда сондат дали е све ок, итн.

„Каснењето“ на тротл респонсот може да се минимизира со чиптјунинг, или со некои уреди како што има џиџи на колата негова, иако реално откако ќе се навикне човек, не го ни приметува. Јас лично, жалам за деновите кога гаста беше со сајла врзана  :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #7 на: 10 Август 2013, 13:20:18 pm »
Колку време отприлика трае open loop при стартување и тргнување веднаш? Километар, два или повеќе?

Отсутен JAck-S

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 62
Одг: Open loop and Closed Loop
« Одговори #8 на: 15 Август 2013, 17:31:24 pm »
Се зависи од тоа колку време и треба на Ламбда сондата (О2 сензорот) да се загрее... Како шо кажа он. Има некој кој се загреваат со греачи, има некој шо се загреваат само од издувни гасови.