ФОРУМ.CARclub.mk

Автомобили => Техничко Одржување => Тема започната од: DayWalker на 13 Декември 2012, 22:34:42 pm

Наслов: Свирење на кочници
Поставена од: DayWalker на 13 Декември 2012, 22:34:42 pm
Ај една тема за ова, знам дека е секојдневен проблем, али не сретнав тема за ова. И да прекрстете ја у нешто посоодветно пошто незнаев како да ја крстам

Значи страшно ама страшно ме нервира кога кочам како ми свиркаат кочниците! Поготово сега на ладново "свирењето" е позабележително. До вчера кога температурите надвор не беа под 0 се дешаваше, ама не толку, али сега ептен, при секое кочење.
Сите знаете ваљда за што станува збор, за кој звук. Арно ама, се нервирам пошто се чуствувам како да возам кола од пред 50 години :S
Имам слушнато дека тоа може да се случи од некое камче заглавено и такви работи, ама не сум сигурен дека може да е до тоа во мојот случај.
До што може да биде? Треба ли да мењам дискови/мискови нешто или? Не е мењато ништо од кога е купена, значи 2 години :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Bojan j на 13 Декември 2012, 22:38:07 pm
Хах, кај мене исто се дешава ама само на ладново т.е. пред 3-4 дена почна :) По мене е од водата.Мене страшно ме напиња нешто од десна страна внатре што ми крцка :@:@:@ Ќе земам ќе ја исполепам цела кола со двострана самолеплива лента!
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Deni на 13 Декември 2012, 22:39:58 pm
Јас капнувам уље на дисковите, ако почне да чкрипи.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: FiLo на 13 Декември 2012, 22:40:19 pm
Како на ЈСП старине автобуси кога кочат  ;D Види извади ги сите гуртни и напред и назад, зачисти, па монтирај назад
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Rakun4e на 13 Декември 2012, 22:40:31 pm
Еве ваква тема

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,1241.0.html

Спрејот за кочници од Вурт помага ама привремено.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: DayWalker на 13 Декември 2012, 22:40:45 pm
Па ми се има случено и претходно, ама ептен ептен ретко. Сега веќе се нервирам ам ептен, ко фиќо да возам!
Иначе што каде ти крцка?

Едит: Ракунче да си жив и здрав
Дечки извинејте префрлете во соодветната тема :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Bojan j на 13 Декември 2012, 22:42:38 pm
Некоја пластика ме дупи у здрав разум, а не можам да дефинирам каде... од десна страна негде или средина или позади. Ќе цркнам дур не најдам... а за кочнициве, добар совет за маслото, сум чул и од други луѓе...
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: DayWalker на 13 Декември 2012, 22:49:13 pm
Хмм, неам такво нешто...расчепкај некоја глупост у фиока да не ти тропка или позади фиока, случајно да ти искочило нешто или таква глупост :)
Иначе незнам кај тебе како е дали од време на време рецимо накачување/симнување од тротар или слично да слушнеш некој звук позади од амортизерите, некое ситно крцкање?
Абе ќе проверам со тоа спрејчето, али што ако е само привремено да прскам ја неам друга работа :S иначе забораив да пишам, 17.000 км се возени :D
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Bojan j на 13 Декември 2012, 22:51:23 pm
Нема ништо така од тротоар...
Можно е да е од што има вода многу и ладно време па да замрзне вода на кочниците и да чкрипат...
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Rakun4e на 13 Декември 2012, 22:52:01 pm
DayWalker, кај мене најчесто се случува да чкрипат кога се возело низ прашина или слично. Кога е измиена нема мака, кај тебе можно е од вода и влага да чкрипат.

Спрејчето е на база на алкохол, можиш и со чист алкохол да завршиш работа ;)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: DayWalker на 13 Декември 2012, 22:58:31 pm
Хмм, може да е прашина, јес да неам возено нешто којзнае каде. а кога ја перам пример кога е се тоа таму мокро, не се слуша чкрипење, ама првите 2-3 стискања на кочница е подруго и не кочи 100%, после тоа е одма се ок, али јасно мокри се, се тоа е во ред, ама не чкрипи.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: nsx-r на 13 Декември 2012, 22:58:49 pm
Некоја пластика ме дупи у здрав разум, а не можам да дефинирам каде... од десна страна негде или средина или позади. Ќе цркнам дур не најдам... а за кочнициве, добар совет за маслото, сум чул и од други луѓе...

какво ставање уље на кочниците бе,не си играјте,ќе се забиете во некој стуб ;D

дневен шетач види можеби некој диск е искривен а можеби и плочките "отишле" провери си во некој сервис

Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 13 Декември 2012, 22:59:41 pm
Јас капнувам уље на дисковите, ако почне да чкрипи.

И еднаш годишно убаво ги накиснуваш во уље плочките,  за да „примат“ :D :D :D
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Deni на 13 Декември 2012, 23:00:46 pm
Јас капнувам уље на дисковите, ако почне да чкрипи.

И еднаш годишно убаво ги накиснуваш во уље плочките,  за да „примат“ :D :D :D
Очекував коментар. :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Bojan j на 13 Декември 2012, 23:03:41 pm
Само во маслиново масло, овие нашиве не ги бива ни за кочници :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: nsx-r на 13 Декември 2012, 23:13:44 pm
ма било што за глатко да си лизга дискот,битно нема да квичи ;D
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Tome-Colt на 13 Декември 2012, 23:15:31 pm
Абе не се зафркавајте какво масло ќе загинете некаде. Нема да застанеш па што сака нека е. ДејВокер земи малце ужежи ги дисковите многу ја галиш колата затоа квичат :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 13 Декември 2012, 23:16:43 pm
Јас капнувам уље на дисковите, ако почне да чкрипи.

И еднаш годишно убаво ги накиснуваш во уље плочките,  за да „примат“ :D :D :D
Очекував коментар. :)
Нормално :) Јас не знам што уопште се мучат, тоа фабричката мрс од дисковите да ја симнат со брејк клинер пред монтажа :) Нека ги остаат така намастени нема а чкрипат, а и добро мирисаат кога ќе се загреат ;)

Ок, сеа малку озбилно на темава. Прва работа што може да се проба, е баш да се исчистат со брејк клинер дисковите и да се нашприца убаво меѓу дискот и плочките.  
Друга работа, да се сменат позициите на плочките од внатрешната на надворешната страна и обратно, со тоа што треба пак период на „bead in“ - јас ова не би го правел, би ги оставил да шкрипат.
Трета работа, на рамна површина (работна маса) да се стави шмиргла 400-ка, и да се поминат плочките врз шмирглата, да се израмнат, па потоа пак да се „легнат“.

Quick fix, оди на обиколница, 2-3 пати процедура нагло кочење (без активирање на АБС-от) од поголеми брзини (120-130). Да се загреат убаво. Внимавај да не ти е залепен некој од позади.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: nsx-r на 13 Декември 2012, 23:17:31 pm
абе дени се зафкаваше,ама бојан ј некако озбилен беше
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Bojan j на 13 Декември 2012, 23:38:45 pm
Јас стварно сум чул таква работа, а бидејќи сум неук во врска со тоа, сум поверувал, ама не сум направил :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Deni на 13 Декември 2012, 23:39:45 pm
Јас имам направено на дискови кои свиреле и прекинало.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: nsx-r на 13 Декември 2012, 23:42:18 pm
сега пеат дисковите :D
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 13 Декември 2012, 23:44:32 pm
Дени, дали би пробал некогаш тест на кочење со „пред и после подмачквње на дискови и добоши“ и да ги  видиме резултатите? Можеби следниот пат кога ќе ти цвилнат дисковите? (може ќе се изненадам од резултатот, што му знаеш...)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Deni на 13 Декември 2012, 23:47:22 pm
Апсолутно никаква разлика нема. Сум пробал.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 13 Декември 2012, 23:52:23 pm
Иако сум немал директно искуство со масло врз дискови, моето искуство со масло на потисна плоча и ламела, вели дека треба максимално да се избегнува „подмачкување“ на фрикциони делови.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Tome-Colt на 14 Декември 2012, 00:16:42 am
Моето искуство со глицерин на диск (ненамерно при вадење воздух од системот на моторчето) вели дека е непожелно истото да се пробува бидејќи постои можност за настанување на штетни последици.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 14 Декември 2012, 00:22:28 am
WD 40 на дисковите од точакот.. не добро - исто така :) Ова сум спремен и да го демонстрирам на точакот мој.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Ogi88 на 14 Декември 2012, 00:24:44 am
Иако сум немал директно искуство со масло врз дискови, моето искуство со масло на потисна плоча и ламела, вели дека треба максимално да се избегнува „подмачкување“ на фрикциони делови.

Точно Симо поентата на фрикционите површини е да има триење меѓу тие површини, со самото подмачкување на површините се намалува триењето и со тоа се намалува и нивната ефективност :). како што имаше пишано ракунче да пробаш со спрејот од бурт плочката да ја испрскаш од задната страна обично тоа доста помага за чкрипење и свирење при кочење. Свирењето најчесто се јавува поради осцилирање на плочките со голема фреквенција при кочењето. Колку што имам читано по пропис кога се монтираат плочки на задната страна (страната која се потпира на шепата) треба да се подмачка со бакарна маст, исто така се подмачкуваат и сите делови што се движат од шепите.
Доколку дојде глицерин во контакт со фрикционата површина од плочките може да дојде до нивно оштетување (мене ми се има случено на гуртни од добош да почнат да се распаѓаат како да се исушиле)
http://www.youtube.com/watch?v=FlR3OhFZMes&noredirect=1
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Carpathian Lord на 14 Декември 2012, 01:01:20 am
Мојата реакција на моментот...

Масло на кочници

(http://www.navalica.com/wp-content/uploads/2012/11/cas2.gif)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: VLATKO Џентлменот на 14 Декември 2012, 01:08:22 am
http://www.copper-grease.com/copper-grease-and-brake-pads.html
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: ARMEX на 14 Декември 2012, 08:31:05 am
Одличен сајт Влатко. Јас  купив оригинални моторкрафт со задна импрегнирана хартија на плочката и ставив силиконска маст, отпорна на температура. Нанесов само на контактот помеѓу цилиндерот и плочката, сеуште после 2 години и нешто работат прекрасно и тивко.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Z128 на 14 Декември 2012, 09:44:37 am
Залетај ја во рикверц и закочи нагло, така неколку пати, може да ти го реши проблемот, доколку се работи за камче или слично. А може и нема да го реши  :)
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: Simo - Carrier159 на 14 Декември 2012, 10:05:23 am
Да имаше алфа, одма лек ќе ти кажев:
http://www.alfaworkshop.co.uk/alfa_squeaking_brakes.shtml

:D

BTW, може да помогне и на други возила.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: zeroSignal на 14 Декември 2012, 10:12:24 am
И јас го знам ова за бакарната маст.
Наслов: Одг: Свирење на кочници
Поставена од: VLATKO Џентлменот на 14 Декември 2012, 12:02:09 pm
кај мене на двете коли сите шепи ми се намачкани со бакарна маст и не произведуваат никакви звуци при кочење