Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1856608 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45137
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9450 на: денес во 09:15:56 »
има квалитетни цицки навечер низ град.


Значи, вреди да се појде.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5256
  • The Spartan General
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9451 на: денес во 09:17:35 »
Дојдов викендов до Охрид поради обврска и ај викам ќе наприме 2-3 дена “одмор”. Сместен сум во вила Натали. Погледов треба да е на езеро, но пред него има некој камп што е циганарија од светска класа. Не знам како некој дозволува вакво нешто во град заштитен од унеско. Личи на бегалски камп. Шетаме на кеј од сите места смрди на евтин зејтин за пржење крофни, па се до вафли, палачинки, клавчиња и пуканки. Во секој локал различна музика од аца лукас до последен светски хит. Квалитет на храна средно жалосен, цени не коментирам. Градот премногу нечист, мислам дека никогаш немаат истретирано со некоја хемија и да земат со вап да исперат да “освежат” барем каде што има најголема фрекфенција на движење. Доста грди градби кои со години најверојатно има спор кој да ги украде бодат очи низ центарот. Луна парк или рингишпил, сеедно како и да им се вика, среде центар ја ремети цела слика на место за одмор. Средени плажи се бројат на една рака. Ме чуди како некој сака сето ова да го продаде и наплати како елитен премиум туризам, и кој толку им има направено филм дека е бисер од светски размери. Вчера бевме во Радожда на вечера, цените као нормални, порциите минимални. Храната коректна на вкус, 3 од 5 келнерот заборави да донесе неколку од порачаните работи, не му ги ни побарав повторно, видов колку е саатот. Одам до тоалет да се измијам раце смрди на мочка, луѓево имаат простор да направат 2 различни тоалета со по 2 бокса, но ете одлучиле дека е доволно ист тоалет за мажи и жени, тешка мизерија. Сметката ја донесе напишана на лист како да сме играле табланет, секако дека имаше натпишано. Имам уште многу негативности да пишувам, но ајде и да пофалам, има квалитетни цицки навечер низ град.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Многу те има разгалено ку*вата Европа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7806
  • French diamond
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9452 на: денес во 09:20:25 »
И после се ова, пак се посреќни луѓето одколку во чистите европски метрополи.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7191
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9453 на: денес во 09:38:32 »
има квалитетни цицки навечер низ град.


Значи, вреди да се појде.
Со машко друштво


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 228
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9454 на: денес во 10:02:36 »
Фала ти.

Ги гледав оние плажите јужно од Перамос, онаа Амолофи и таа лево од неа...
Да амолофи е топ, има и бич барови а и слободни места.. секој бич бар си има паркинг места. Ја сум повеке да си носам свој чадор.
На тие плажи понатаму не сум бил ама исто такс ги препорачуваат


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7877
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9455 на: денес во 14:28:31 »
Oхрид е станат малку чуден.
  • Лик што најкултурно го прашавме за колку луѓе е чамчето на Свети Наум бидејки бевме со мали деца, и поголема група, ни одговори - E да бе, ја вас ли ке ве молам, има туристи колку сакаш.
  • Кај вториот кај што се качивме сите, целиот пат се жалеше како нема работа, како му даваат лоши локации. Инсистираше да ни даде лекции по историја за Охрид, при што културно ни кажа дека ако ни падне мобилен во вода, дека " нема јас да ви скокам по телефонот". Не дека некој го праша за тоа. Кога од позадина на чамчето го замолија да зборува малку погласно за да го чујат, преврте со очи  ;D
  • На враќање од Свети Наум, стандард гужва пред влезот на градот, иде лик од позади со поголем скутер, и сака да вози меѓу двете ленти помеѓу коли што стојат. Се случува и јас, и дечкото до мене да сме поблиску до испрекинатата линија, иако секој во својата лента, па мораше да забави ликот и да не може да помине со 50-60km/h меѓу двете коли, и се слуша - Тргни се бе копук ниеден.
Ретко каде пишува количина на порција на храна. Генерално, Охрид е преубав со природа, ама можат далеку повеќе, со многу малку.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7191
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9456 на: денес во 14:39:45 »
И после се ова, пак се посреќни луѓето одколку во чистите европски метрополи.
Секој различно си ја дефинира среќата. Моабетот е дека не е чисто, сакаат да имаат туристи само странци и луѓе со пари, а не нудат ништо за кое што вреди да се плати. Како може да нема подземни контејнери, да се гледа ѓубре насекаде? По пат кон св наум не е средено, не е искосено, мини депонии постојано, грда слика е. Мене не ми пречи да ми наплатат по скапо од реалното, ми пречи што тоа не вреди, не ти е сервирсно да се осетиш посебно, не можеш кафето да го испиеш во мир, коктелот од стаклена чаша и десертот да то го послужат на вистинската темперарура.
Еве ќе ти ставам слика од кампингот каде што се среќните луѓе и кажи ми дали не сум во право.




Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2922
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9457 на: денес во 16:04:05 »
Може за некого тоа е среќата, ваквиот камп како на сликата.
И е благодарен што уопште може да оди тука воопшто, а не на Онкологија или на друга клиника.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7191
  • Бенве сие бенве
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9458 на: денес во 16:29:04 »
Не праиме моабет за семе синапово емотивни пораки. Зборуваме за место кое што сака да се етаблира како скапо, премиум, ексклузивно но приликува на некој панаѓур или вашар што би рекле србите.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4025
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9459 на: денес во 16:54:51 »
Гледам муабетиве за Охрид...

Ништо ново. Охрид е таков со години, преценет.

Цицаат до последна капка се што е останато од времето на Југославија. Финансираат минимално, површно, колку да личи дека напраиле нешто.

Тоа е. Така било, така и ќе остане. Додека народот таму е со ментален склоп дека со 3, 4 месеци "работа", треба да "живее" цела година, така ќе си биде.

Од обичниот човек, до просечен трговец, до угостители, до функционер на највисоко ниво.

Со чест на ретки усклучоци.

Sent from my Xiaomi 13T


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4185
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #9460 на: денес во 17:11:19 »


Oхрид е станат малку чуден.

Да, некаде 1980 та стана чуден. Од тогаш навака само чудесии. Иако од тогаш навака едно 5 пати сум бил не престанува да ме изненадуват чудата.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk