Ако цените на Меганот фејслифт, се исти како тие кај мене(не фејслифтираниот) тогаш најди ми кола со поефтини делови. 1,6 110 коња е брз оган, ама троши 12тина во град, фејслифтот има и поцинкована каросерија.
Инаку во мене е 5 години 35К км, и само едната бомбина изгоре(2100 денари), друг дефект нема. Сервис масло, филер за масло, бензин и воздух кошта 2500 денари без работна рака. Јабучици по 500 денари парче, спона 600 денари само еднаш имам сменето до сега, друго не ми текнува да имам сменето освем некои гумици по 200-300 денари... ако ми текни уште нешто ќе пишам.