Се е тоа убаво, проблемот е што ти и јас
дома не можеме да го направиме истото... Зошто, не кажуваат. Но извесно е дека е од злонамерни/дилетантски причини. Ете јас би рекол дека сакаат повеќе да се увезува (и аванта во џепот) отколку локално да се произведува од мали ентитети на кои не можеш да им земеш аванта за во џеп... Кој ги е*е и луѓето и државата што страдаат од тоа.
Инаку долгорочно би имало есап за нас да се земат неколку фотоволтаик панели, кога би можело вишокот да се враќа назад во мрежа (и макар да се пребива со потрошувачката навечер или на зима). Но не се исплати да се инвестира во акумулаторски системи, скапо е и акумулаторите траат само неколку години. Заштедата во струја за тој период не ни блиску до цените на акумулаторските системи.
Ама така ни е, кога немаме памет и гласаме вакви политичари. Не дека се бара ова доволно гласно, нема памет народов ни да побара што му треба... Уште да беше вистина она „глуп народ, јака држава“: Велесила ќе бевме (ако не и империја).
