Јас за станбениот фатив многу добра прилика.
Земен со проектот купи куќа купи стан, на 20г со фискна каматна стапка од 4,5% +6 месечен еурибор. Ама подигнат во време кога немаше негативни камати за еурибор, пред околу 5 години. Моменталната камата ми е 3,98% и паѓа секој 6 месечен.
На денешните кредити, кога еурибор-от замина во минус, ставаат клаузули, пример 4,5% +6м еурибор, но не помалку од 4,5%.
Моја среќа што тогаш не го предвидоа тоа и не постои во мојот договор клаузула, па се надевам (невозможно е), за некоја година ако продолжи да паѓа, да почне банката таа мене да ми плаќа камата што и ги користам парите
