Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1030183 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4545 на: 09 Декември 2020, 00:28:04 am »
90% ефикасност на печка на согорување?
Гледав на времето некои германски печки со високоефикасно согорување, ама мислам беа под 90%... Но можеби лошо паметам. Тоа што добро се сеќавам, е дека неколку илјади евра коштаат. За поевтино 90% ефикасност може да се добие со DIY „ракетна печка“.

Обичните печки што ги имаат сите по дома, тие се ~60% кога се најсилно пуштени.
Ама скоро никогаш не се на најсилно пуштени, дури ни во најладната зима (на пролет и на есен, кога се на најслабо согорување, немаат ни 10% ефикасност)... После ќе се чудиме од каде толку пм честички во воздухот во градовите.


поширок опсег имаат печките на дрва, гледав едно време, ама сега сум заборавил. не дека мора да е нонстоп на 90%+. Имаш и шамотни, ѕидани гусани итн. печки што можат за задрџат некој џул топлина. Не им текнало да измислат термо печка на дрва xD

Како не им текнало, ете ти ја калиевата печка на Владич. :)
Инаку луѓе одамна прават термоакумулациони печки, прогуглај masonry heater или masonry stove, а исто и rocket stoves.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4546 на: 09 Декември 2020, 01:27:42 am »
Масивна термо акумулациона мислев, со вентилатор. Што знам овие калиевиве какви се :)
Да, спаки се тие над 90% што согоруваат и тоа многу над 1000 еу. И имаат опсег од некој 50-60% па нагоре т.е. испод не согоруваат со иста ефикасност.
Поентата е мислам дека во вруќината на ложиштето, по вруќо жариште подобро согорува, исто и идеална кобинација на кислород/дрво. рокет стове влечи повеќе воздух и го лади, но е сосем солидно и едноставно решение за diy. Побарај овие што се ложат горе, а пламенот оди на доле, нешто таков концепт имаа, тие беа ефикасни. Ама се по 5-10к еу.
еве уште  некој  интересен концепт.

А на ригови да се грееш ? :D
« Последно менување: 09 Декември 2020, 01:38:34 am Bicikle »

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4547 на: 09 Декември 2020, 05:54:03 am »
Масивна термо акумулациона мислев, со вентилатор. Што знам овие калиевиве какви се :)
Да, спаки се тие над 90% што согоруваат и тоа многу над 1000 еу. И имаат опсег од некој 50-60% па нагоре т.е. испод не согоруваат со иста ефикасност.
Поентата е мислам дека во вруќината на ложиштето, по вруќо жариште подобро согорува, исто и идеална кобинација на кислород/дрво. рокет стове влечи повеќе воздух и го лади, но е сосем солидно и едноставно решение за diy. Побарај овие што се ложат горе, а пламенот оди на доле, нешто таков концепт имаа, тие беа ефикасни. Ама се по 5-10к еу.
еве уште  некој  интересен концепт.

А на ригови да се грееш ? :D
И тоа имам пробано,и грееше 40м2. Ама после стана неисплатливо 😀 и ми стои запакувано грејното тело

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4548 на: 09 Декември 2020, 06:59:14 am »
 Хмм, воопшто неисплтливо ?

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4549 на: 09 Декември 2020, 07:47:29 am »
Абе броилото врти назад кога работат климите.
Лани февруари месец имав инвертор само во спална,во дневна сплит клима која што кога беше многу ладно не грееше.Пуштавме панелка во дневна за да се "стоплиме (бевме премрзнати) и на крај сметка ми дојде 4770 ден.истиот момент отидов купив уште еден инвертор и поголема сметка од 3000 ми нема стигнато а дома седиме по кратки ракави.


Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

« Последно менување: 09 Декември 2020, 07:53:31 am Busav »
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4550 на: 09 Декември 2020, 08:04:00 am »
Хмм, воопшто неисплтливо ?
Трошеше околу 70 еур струја месечно, а со тогашните вредности "копаше" 50 еур месечно. Бучавата од кулерите да не ја спомнувам

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4551 на: 09 Декември 2020, 09:06:42 am »
Абе броилото врти назад кога работат климите.
Лани февруари месец имав инвертор само во спална,во дневна сплит клима која што кога беше многу ладно не грееше.Пуштавме панелка во дневна за да се "стоплиме (бевме премрзнати) и на крај сметка ми дојде 4770 ден.истиот момент отидов купив уште еден инвертор и поголема сметка од 3000 ми нема стигнато а дома седиме по кратки ракави.


Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


еве за истиот период, греење  со сопствено парно на струја, 71м2 внатрешна површина, парно во 3 соби + регистар во купатило


Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4552 на: 09 Декември 2020, 09:55:23 am »
Кај мене во станот има железарско парно али од следна сезона ке го испробам има и инвертор па со него а и прилично е топал има 20 цм топлотен блок и 10 цм стиропор и прозорите се комерлинг 88мм, на не греено последниве идења беше 18 степени

Климата ќе ја користиш за ладење од парното? :D

Појако парно од железарското мислам дека нема

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3351
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4553 на: 09 Декември 2020, 10:56:29 am »
@Van
Струја плаќам зимно време 1800ден., пелети 4800ден., загревам 160м2, за таа квадратура со оглед на поставеноста на соби кај мене, ќе ми бидат потребни 5 х 3.5кW инвертери, глава на труп ќе ставам ако сметката ми е помала од 6000ден. со инвертери, башка бојлерот што врти, сега котелот ми го грее, и пак ладно на нозете од плочките, дај немојте вакви споредби, едно е пресметка друго е реалност, и јас сум термичар по струка, еве и по книга ќе одиме, ќе видиш дека не е така, башка котелот што го користам има со гаранција 90% ефикасност ако користиш квалитетен пелет.
Кај е во целиот муабет осетната топлина, таа никој не ја зема во предвид.
Не викам дека за стан не чини, чини нормално, си се исклучил од парно, а комшиите околу тебе имаат парно, и тебе температурата дома не ти паѓа под 20 степени дури и да не грееш.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4554 на: 09 Декември 2020, 11:39:48 am »
Јас сум во куќа (не како што кажуваш - во зграда каде комшиите се греат на парно), и да, во куќата имаме токму 5 х 3.5кW инвертери распоредени во 3 одделни станови. Греењето е без престанок од есен до пролет, и не, не знам зошто мислиш дека „на ногите ни е ладно“. Подот инаку е ламинат и паркет.

Отстапка ти правам само за бојлерот. Досега ќе ставев соларен, ама испадна дека здраворазумско користење на проточен бојлер е сосема економично (и помалку главоболки).


Туку да се навратиме на суштината.
Пази, муабетот беше дека - а ова е докажано - киловат топлина од пелети е прилично поскап од киловат топлина од клими.

Друга работа е ако ти си ги минимизирал загубите преку топлотен бафер во вид на бојлер (а уште подобро ако имаш и секундарен, поголем бафер), па тоа ти дозволува да согоруваш силно и ефикасно (иако се соменевам во точноста на спецификации кои тврдат 90% ефикасност на согорување, во печка со котел). Но на крај тебе топлинската енергија - секако повеќе те чини од мене. Факти, не муабети.

@t0m1cA

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4555 на: 09 Декември 2020, 11:49:35 am »
...

Во Македонија живеам (живеат моите) на село. Дрва (од сопствена шума и насад) имам барем за 4-5 години во моментот. Догодина ќе сече стариот некои тополи, багреми и дабови и ќе има за уште 10 години без пари. Паралелно на тоа имам Кано Парно систем на струја (т.н. руска подморница). Моите се греат и на дрва и на струја и плаќаат смешни сметки за потрошена струја.

Овие неколку недели додека сум тука не палат на дрва затоа што контролерот/термостат е на долниот спрат и ако горат оган, на први спрат никогаш нема да се стопли. Моментално во целата куќа е околу 22-23 степени и е онака пријатно за седење. Не е прежешко, а не е ни студено.

Јас прв пат се стоплив во оваа куќа откако ставив парно. Дали би ставил инвертер клима? Да, за да ме лади летно време затоа што знае да биде неподносливо жешко.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4556 на: 09 Декември 2020, 11:51:18 am »
@Van  Го чини повеќе оти загрева 160м2, со клими ретко кој загрева толку. Стоплен е и топлината му е многу поубава отколку топлина со клими. Башка што секогаш има топла вода во бољерот, во вц-то претпоставувам регистратор и седнува на шоља без да стега заби :D

Јас сфаќам дека секој си ги оправдува своите постапки, ама толку величање на климиве не ми е јасно, па колку сака нека е евтино. Не е целта само сметката за струја да биде 3000 денари.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4557 на: 09 Декември 2020, 11:54:25 am »
Јас мислам дека ако го тргнеме економскиот фактор настрана никој нема да избере да се грее на инвертер клима.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4558 на: 09 Декември 2020, 12:02:26 pm »
Не треба да ти ги маркираат дрвата за да ги сечиш? Без разлика што е твоја шумата и ги користиш за себе?

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 855
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #4559 на: 09 Декември 2020, 12:03:00 pm »
Има опција за надворешна единица-топлинска пумпа,и подно греење. Подобро нема,и најевтини се експлоатационите трошоци. Ама почетната инвестиција е огин скапа