Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 978940 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5228
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3765 на: 07 Февруари 2019, 11:01:14 am »
For the sake of дискусија, има некој есап некаде колку е емисијата на PM 2.5 и PM 10 на пелети, во однос на дрво, нафта и (здравје боже, ќе биде и тоа ваљда еден ден) гас?

Има, ама во овдешни услови тие западни лабораториски мерења се целосно нерелевантни и неточни, затоа што:
- Овде ниедна печка на пелети не е подесена со сите параметри: според ширина и должина на оџакот, видот на пелетите (ова се прави за секој одделен бренд на пелети одделно), и десетици други стотици потребни потребни параметри. Овде печките ги монтираат монтери кои воопшто и не знаат да ја подесуваат електрониката, каму ли да се замараат да го направат тоа. Печките идат со дифолт подесувања кои во 99% од случаите не се целосно соодветни на условите на корисникот.
- По дифолт се предимензионираат печките на пелети, сите купуваат прејаки модели (воопшто не ни има послаби модели со 4-6 киловати колку им се соодветни на мнозинството). Следствено печките на пелети овде НИКОГАШ не работат со полна моќност што е услов за ефикасност во согорувањето (што е услов за помалку загадување).
- Заради предимензионирањето печка на печките на пелети често работат и само по 10-15 минути по што термостатот во електорниката ги гаси, а 10-15 минути е помалку од периодот потребен за да се загрее горилникот на потребна температура за ефикасност во согорувањето - што нели, е услов за помалку загадување. Ова го гледам кај комшиите во соседниот двор, на спрат сум и ги гледам (а богами и мирисам) од горе. Печката автоматски им е пушта по 15-тина минути за кое време од оџакот им излегува густ темно плав чад. Печка на пелети со парна инсталација би била нешто подобра од аспект на загадување, ама не многу (водата е термален акумулатор и смалува честота на горење).

Се на се пелетите во реална употреба овде се прилично големи загадувачи. И не се исплативи, греењето со нив дупло и повеќе е поскапо од дрвата а дрвата се осетно поскапи од греењето со клима уреди - кои за да биде иронијата поголема,  греат не само поевтино туку и 24/7 а не повремени (со температурни падови), и без замарање како влечење вреќи и ложење печки и чистење на ѓубре.



Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5228
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3766 на: 07 Февруари 2019, 11:18:41 am »
дневна/терпезарија/кујна/купатило/детска 21-22, спална 20, немам заведено во ексел, ама тоа беше зададена температура

Мислам дека не ме разбра, мислев на тоа можеби да не мериш рачно, или да не имаш некое системче за следење на падовите на температурите меѓу периодите на горење и на мирување. Јас сакав да земам такво пред да се решам да идам со инвертор клими за греење, но не земав пошто со клима нема варијации во температурата (барем не повеќе некој ~1с).

Гледам низ месеците, на пример во Јануари имаш по два периоди со греење и меѓу нив два периоди мирување. Ме интересираше колкави се скоковите во температурите, и дали вклучувања/исклучувања ги оставаш на електрониката или самиот според потреба вклучуваш и исклучуваш греење?


Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5719
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3767 на: 07 Февруари 2019, 11:18:55 am »
САМО ГАААСССС  ;D ;D ;D
НЕ НА ПЕДАЛА..ЛПГ.. ;)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3768 на: 07 Февруари 2019, 11:41:45 am »
На работа во комшии пред неколку години почнаа да се грејат на пелети. Оваа година си купи клима. Може да се претпостави зошто.

Сепак му чуреше оџакот деновите кога беше поладно.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5228
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3769 на: 07 Февруари 2019, 12:09:04 pm »
Сепак му чуреше оџакот деновите кога беше поладно.

Колку што се „разбирале“ при првиот избор за греење, толку се разбирале и после кога бирале клима. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3770 на: 07 Февруари 2019, 12:39:15 pm »
Во стан во зграда можам да разберам, но во куќа да се потпреш само на клима во најладните месеци/денови ми стои преоптимистички.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10890
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3771 на: 07 Февруари 2019, 12:49:38 pm »
^ Една молба имам до тебе. Дали ќе ти биди проблем малку поопширно да ми подобјасниш околу тој тип на загревање, то ест ако се работи за загревање со сопствено парно на струја. За ефикасноста околу загревањето сум сигурен дека е на највисоко ниво, конкретно ме интересира околу сметките на струја. Се шират муабети како биле прилично високи сметките. Јас имам само еден пример за 12KW парно кое грее стан од педесетина квадрати (мал) и цените беа далеку пониски од она што сум го слушнал/прочитал.
Од прва рака, ако не ти е проблем да ме запознаеш со ситуацијата кај тебе ќе бидам многу благодарен (доколку се работи за таков вид на парно, а не панелки и други грејни тела) :)

Сметката за пола Ноември и до 17-ти Декмври беше 2.800
Остаток Декември и пола Јануар 5.800 (кој би требало да е пик)

Ова е вкупна сметка за струја, само греење не знам колку земало. НО, последнава сметка имаше многу готвење без да се внимава на скапа/ефтина (слава, 2 родендени, Нова Година, празници), како и распуст 3 недели. Башка имаше нели и поладни денови.

Имам безжичен регулатор кој го имам сетирано на следниот начин:
 - 05:00-07:00 - 23 степени
 - 07:00-14:00 - 19 степени
 - 14:00-16:00 - 23 степени
 - 16:00-20:00 - 21 степен
 - 20:00-22:00 - 20 степени
 - 22:00-07:00 - 19 степени

температурата внатре никогаш не паднала под 20 степени, освен неколку ноќи кога беше минус
се случило да треба преку ден, кога беа децата на распуст, рачно да се вклучи парното (едно дугме кое вклучува автоматски на 22 степена и има едно за исклучување доколку има потреба)
се случи неколку денови и да продолжиме со греење до 00:00

греењето е парно, едно во дневна/терпезарија/кујна/влезна партија која е една просторија, едно спална, едно детска и регистар во купатило
температура на вода е подесено на 50 степени, кога беше поладно ја зголемив на 55
котлето е ова:





морам да забележам дека од 5 страни станот се граничи со соседни станови и има одлична изолација

дневна/терпезарија/кујна/купатило/детска 21-22, спална 20, немам заведено во ексел, ама тоа беше зададена температура

Мислам дека не ме разбра, мислев на тоа можеби да не мериш рачно, или да не имаш некое системче за следење на падовите на температурите меѓу периодите на горење и на мирување. Јас сакав да земам такво пред да се решам да идам со инвертор клими за греење, но не земав пошто со клима нема варијации во температурата (барем не повеќе некој ~1с).

Гледам низ месеците, на пример во Јануари имаш по два периоди со греење и меѓу нив два периоди мирување. Ме интересираше колкави се скоковите во температурите, и дали вклучувања/исклучувања ги оставаш на електрониката или самиот според потреба вклучуваш и исклучуваш греење?



немав систем за регулација
сетирав 2 режима, пред станување да биде топло и останатиот дел беше во зависност кога се враќавме дома
доколку беше ладно, рачно ја вклучував

додека не се грееше температурата знаеше да падне и на 18 степени



Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6377
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3772 на: 07 Февруари 2019, 13:17:40 pm »
Ова маркава Vaillant ме потсети на  ;D
 

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10890
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3773 на: 07 Февруари 2019, 13:23:17 pm »
па и овие имаат за загревање суровини ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6987
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3774 на: 07 Февруари 2019, 14:30:06 pm »
So cel pamet?
Sekoj den da treba da se zamaram so vakvo nesto  :-X

За грото од нас помислата е таа.
Реалноста е дека сите сакаме некоја ваква пресметка а не „Бачееее, да ти кажам, абе џабалак ми е со пелети, абе извезувам струја..“
:)

Браво Маријан, се гледа дека статистиката ти е или хоби или професија.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3775 на: 07 Февруари 2019, 16:16:05 pm »
Шуќур, им текна клими да субвенционираат. За жал само 1.300 комада по 15к, али барем почнаа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7584
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3776 на: 07 Февруари 2019, 20:16:53 pm »
Кога почнале? Каде?

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Присутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6930
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3777 на: 08 Февруари 2019, 00:15:12 am »
Почитувани членови, како што знаете оваа година Град Скопје ќе објави оглас за субвенции за инвертер клима уреди. Кој има во план купување на клима не би требало да ја пропушти оваа прилика. Се очекува следната недела да се објави огласот, а субвенциите да бидат 50% од вредноста на климата, но не повеќе од 15.000 денари, односно максимален износ на субвенциите ќе биде 15.000 денари и за клима која чини 30.000 и за клима која чини 50.000 денари.

Ви стојам на располагање за сите модели на VIVAX, а може по Ваше барање и од GREE и DAIKIN. За секоја купена клима ќе добиете фактура која се приложува со потврдата за уплата во град Скопје заедно со барањето за субвенција.

Утре ќе имам повеќе детали и ќе пишам кои модели се достапни и по која цена.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7584
  • Плинаш!!!
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3778 на: 08 Февруари 2019, 06:44:15 am »
Јас сум заинтересиран за клима, само да видиме кога ке објават за субвенции.

Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10890
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #3779 на: 08 Февруари 2019, 09:21:52 am »
Почитувани членови, како што знаете оваа година Град Скопје ќе објави оглас за субвенции за инвертер клима уреди. Кој има во план купување на клима не би требало да ја пропушти оваа прилика. Се очекува следната недела да се објави огласот, а субвенциите да бидат 50% од вредноста на климата, но не повеќе од 15.000 денари, односно максимален износ на субвенциите ќе биде 15.000 денари и за клима која чини 30.000 и за клима која чини 50.000 денари.

Ви стојам на располагање за сите модели на VIVAX, а може по Ваше барање и од GREE и DAIKIN. За секоја купена клима ќе добиете фактура која се приложува со потврдата за уплата во град Скопје заедно со барањето за субвенција.

Утре ќе имам повеќе детали и ќе пишам кои модели се достапни и по која цена.

пушти ми цени цо ПП

Цитат
За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари

никаде не најдов кои се условите
ако некој налета на нив, нека ги сподели тука