Не за друго праам муабет, струјата што ја трошиш, без разлика од каде доаѓа дали од соларни панели, алтернатор, ветерница, што и да е, е многу покорисна таква каква што е да ги придвижиш тркалата него да ја користиш да делиш Х2О, потенцијалната енергија што ќе ја имаш од водородот секогаш ќе биде помала од енергијата потребна да се одели Х2 од О. Е сега дали е ефикасен начин за акумулирање на енергија место да полниш батерии, не знам.