Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2531079 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10905 на: 26 Август 2013, 11:54:26 am »
Абе не знам што произведуваат толку назадни коли како Ферари и слични. Будали, требало да ги прашаат вајцата Филиповци што да се произведува.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10906 на: 26 Август 2013, 12:01:44 pm »
Што е понапредно? Мотор во автомобил на кој му се потребни 6л гориво на 100км при брзина од 150 или мотор на кој му се потребни 7.5л гориво на 100км при брзина од 150?
А што е позабавно е веќе друго прашање  ;D

Види, постојат „напредни“ конструкции на мотори кои не се во употреба од различни причини. Некои се технички, некои економски, некои се проблем на инфраструктурни потреби и решенија.

Правата причина зошто дизлчињата се поефикасни е нивната термодинамичка ефикасност поради поголемиот однос на компресија во цилиндерот.

Втората причина е поради поголемото количество енергија во литро гориво.

Тоа се двете работи кои теоретски овозможуваат платформа за поефикасен мотор. Тоа не значи дека се понапредни и дека немаат конструктивни проблеми кои мора да ги решаваат со технички методи.

Додека дизелашите се тепаат да ги намалат вибрациите, да ја намалат тежината на моторот, да ги решат проблемите со честиците кои се генерираат при согорувањето, бензинците се борат да ја зголемат ефикасноста.

И тоа очигледно прогресира. Новите дизели не им тресат и не им тропаат на дизелашите, новите бензинци не им трошат на бензинашите(И едните тресат и другите трошат но споредено со своите претходници тоа е приметливо намалено).

Ако земеш подобро да погледнеш и сега турбинашите вршат блендинг на дел од „констуркциите“ бидејки контролата на мешање на гориво/воздух (AFR)  е многу по прецизна (фирмверче/компјутерче) па бензинците си го генерираат торкот од ниски вртежи дури под 1500, дизелашите почнуваат да вртат до 5000 rpm. Или што би се рекло практичните изведби си тежнеаат кон теоретските врдности во развојот.

Што ќе биде ако комерцијално се појават моторите so HCCI технолгоја?   http://alternativefuels.about.com/od/researchdevelopment/a/HCCIbasics.htm

Моториве постојот во лабараотрии, но сеуште се борат со проблеми врзани со акустиката, контролата на високи вртежи и сл. Веројатно онаму каде што е најбитна ефикасноста ќе си го најдат својот пат. Регулативата на емисија на штетни матрии исто ќе ги мотивира ваквите мотори. Но ако не решат поголем број од проблемите веројатно ќе останат егзотики во некои апликации ама тешко во комерцијалната авто индустрија.

Напредокот во моторите постои и ќе постои во технологијата и на едните и на другите (за разлика од ЛП  што мисли дека бензинците го достигнале врвот во неговиот Хондаи).

Дали ефикасноста е единствено мерило во практичната употреба што носи предност?

А овде во дискусијава се споредуваат и изнесуваат примери кои немаат врска ниту конструктивно, ниту генерациски (развојно генерациски, не кога си ја купил колата) не дава никаква подлога за дознавање на предностите на едната или другата технологија.

Генерално и при споредба на псоледниве генерации на дизели и бензинци сеуште важи:

Дизелот е поефикасен, но за ист волумен на мотор потежок и нуди помалку максимална снага. Има сложени системи за контрола на емисија на штетни материи (DPF) и повеќе вибрира/тропа во однос на сегашните бензинци. Има повеќе мака при гнереирање на карбонски наслаги заради неправилно согорување ако се појави од одредени причини.

Бензинците трошат повеќе( генерираат повеќе CO2 по км) од дизелашите за иста работа/перформанси, нудат ист вртежен момент за мотор со ист волумент и го имаат во поголем опсег на вртежи и имаат поголема максимална моќност, генерираат повеќе  максимална снага. Поради ова флескибилноста на тој мотор (избор како ќе го тераш) е поголема.

Цената на возила со бензински или дизел мотор со иста генерација и големина е слична (разлика докај 5%)


Прашањето што треба да си го поставиш/ем одговориш е: Дали сакаш да купиш мотор (генерциски и конструктивно споредливи) со помал волумен за бензин на пример 1,4 со 122кс максимална снага и 200Nm (1500-4000 rpm), или да земеш 2000 евра поскапа кола од ист производител/марка/опрема со 1,6 дизел мотор 105кс и 250Nm (1500-2500 rpm)?

Многу веројатно дека двете коли ќе имаат само маргинални разлики во перформанси во секојденвно градско/автопатско дрнкање, останува товојот есап само дали ќе возиш за 500 денари или ќе возиш 500 км.

А инаку оваа година ни дизел ни безнин не ја однесе наградата за еко мотор на годината. Уште повеќе во цел ранг на новонаградени(напредни) мотори дизелашите ги има само во оние категории од 2-3L, ниту во малите ниту во големите ги има. Или што би значело дека spark ignition моторите сеуште ќе ги има долго во линијата на напредни, новорзвиени, иновативни...

http://www.autoedizione.com/engine-of-the-year-award-for-fiats-twinair-cng/

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10907 на: 26 Август 2013, 12:12:42 pm »
све, све, ама кога ќе го прочитам она „ист волумен“ тоа фрла неизбришлива, црна дамка на инаку извонредниот и информативен пост.

Штета.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10908 на: 26 Август 2013, 12:17:00 pm »
све, све, ама кога ќе го прочитам она „ист волумен“ тоа фрла неизбришлива, црна дамка на инаку извонредниот и информативен пост.

Штета.

Тоа е твое мислење, оди погледни ги наградените мотри никаде дизел од 2L не го наградиле во категорија каде безнинци од 1.4L се со исти перформанси.

Соодветноо мојата споредба е мое сознание. Тебе не мора да ти значи ништо.


Штета.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10909 на: 26 Август 2013, 12:30:18 pm »
Ист волумен е исто како да прочиташ „исто количество гориво“.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10910 на: 26 Август 2013, 12:31:58 pm »
При што не видов како некој овде ја избегнува потрошувачката како споредбен аргумент.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10911 на: 26 Август 2013, 12:32:06 pm »
Ист волумен е како да порчиташ „иста набавна цена на возилото“
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4114
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10912 на: 26 Август 2013, 12:33:29 pm »
Што е понапредно? Мотор во автомобил на кој му се потребни 6л гориво на 100км при брзина од 150 или мотор на кој му се потребни 7.5л гориво на 100км при брзина од 150?

Пази сеа како ни еден од бензинашите нема да ти даде директен одговор на прашањево, туку ќе биде киша око крагујевца.


Демек дизлешиве сите дадоа некој издржан прецизен одговр?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10913 на: 26 Август 2013, 12:34:31 pm »
Они најчесто не ни даваат одговор.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10914 на: 26 Август 2013, 12:44:14 pm »
Они најчесто не ни даваат одговор.

Не е фер! На секое прашање гледам да одговорам надобро и најдетално што знам.

Ако нешто ми промакнало - пишете уште еднаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10915 на: 26 Август 2013, 12:49:04 pm »
Можеби тоа не е одговорот што сакаат да го слушнат :) .

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10916 на: 26 Август 2013, 13:01:06 pm »
Прашањето ми е со кој ум луѓето фрлаат пари, за го слушаат овај одвратен звук секој ден


Сега зеде едно другарче исто вакво, па мене без пари да ми го дават ова не го земам... а да ќе заборавев, слободно можи вода да му носи на мојот 1.6.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10917 на: 26 Август 2013, 13:03:26 pm »

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1296
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10918 на: 26 Август 2013, 13:12:08 pm »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10919 на: 26 Август 2013, 13:13:48 pm »
Глава за глава споредба...