Воглавно постојат два типа на компресори за клима во кола, кои најчесто се користат. Немам време сега да ги најдам точните називи, основната разлика е дека едниот тип - што воглавно се вградува на возила со помали мотори, кога компресорот ќе постигне одреден степен на оладеност на фреонот, се гаси физички преку електромагнетната спојка, додека другиот тип едноствно, принципот му е малтене „авторегулирачки“, па кога ќе постигне доволно ладење, му треба и помалку снага за да работи. Тој е цело време уклучен додека не го исклучиш или не се исполни некој друг услов на исклучување.
Од првиот тип имам на Стилото, и јасно може да се осети кога уклучува, а кога исклучува спојката, а од вториот тип имам на алфата и се осеќа дека кога ќе постигне соодветен режим на работа, се „олабавува“ оптеретувањето врз моторот.
Нешто слично и аналогно како стандарден вс инверторски тип на клима за дома...