не е некоја голема филозофија да укапираш колку снага може да влече една клима. Домашна клима ако влече 3.5 kwh ова не би требало да е ништо појака. Тоа се околу 5 кс. Кај автомобили до 130 кс претпоставувам дека се осеќа а кај појаки би требало да ја тера без некој посебен ефект на перформансите.
таа што ти е дома ако е 3,5 киловати, тоа значи дека има 3,5 киловати искористливост на енергија, а струјата што ја троши е одпилика 1,3 киловати. затоа за климите се вели дека имаат 1:2,5 однос потрошена енергија со топлинска. таа клима, компресорот го врти електро мотор кој троши 1,3 киловати струја на саат и ИМА КОНСТАНТНО ИСТИ ОБРТАИ на ротација...
во кола, компресорот го врти каиш директно врзан за шајбната од радилицата, и обртаите на компресорот директно зависат од обртаите на моторот (посекако сите авто клими гасат помеѓи 4 и 4,5к обртаи на мотор) и НИКАКО НЕМОЖЕШ ДА “УКАПИРАШ“ колку одзима клима на кола според таа што дома ти троши... мислам... сакам да кажам.... баби+жаби=?? кога вистински ке дадеш одговор на ова, тогаш веројатно и твојата логика на порамнување на снаги помеѓу домашна клима со автомобилска клима ке биде во ред...
јас имам податоци дека автомобилските клими одзимаат помеѓу 3 и 11 КИЛОВАТИ... значи не коњи туку киловати.