Да, ама зашто? Ај умор од две деца што ќе им текне на 2 саати ќе се караат како да ќе се испозаколат, да го додадам и уморот во десна нога после 3-4 саати возење. Нема потреба да форсирам, се враќавме во 2021ва преку Унгарија со спиење во Gyor, ама беше средина септември и немаше гужва. Имам 3 дена (петок-недела) за да стигнам до Скопје, не се брзам, подобро да бидеме сите порелаксирани.