Автомобили > Генерално за Автомобилите

Квалитетот на VW.

<< < (8/509) > >>

Tischläufer:
Абе Голф како Голф е супер кола, под услов да не ти здосадува едно те исто цел живот и да не ти се расипува. Од Поло и Туарег сум разочаран, а Голфовите како се држат со кварливост стварно немам лично искуство. Не коментирам ништо за Голфот освен тоа дека е flagship на компактите, тоест возило правено да биде ориентир за сите конкуренти и сите наредни модели на Голф. Скупо али добро.

Deni:

--- Цитат: ikeyaro на 20 Септември 2012, 12:54:14 pm ---Банзаи точно ептен :) штом веќе имаш изградено доверба и квалитет кај клиент, тешко дека ќе те смени.

А Фаланга, сте виделе вие маки ептен... тоа сакав да кажам и ја, у принцип што постаро, тоа подобро :)

А за погодување на колата, тоа е сурова вистина за жал, како и дали ќе ти се погоди. Ама игра голема улога и кармата :) до сега, да чукнам у дрво, сум немал никакви поголеми дефекти со Голфот. Затоа сум заљубен у Голф и мислам дека ќе го купувам до крајот на животот :)

--- Крај на цитатот ---
Чувството што го нуди внатре е непроценливо. Посебно во 5ка и 6ка. :)

Rakun4e:
Тука треба да се спомне маната на МК3 со електриката на прозорци и сончев кров. :)

MecheTo:
VW како и (скоро)сите други возила до 2000 година имаа квалитет,од тогаш наваму се е катастрофа.Де ова,де она им е мана.Е сеа,според мене се квалитетни(значи постарите) заради тоа шо се едноставни.Некој спомена пример со 1.9 обичен дизел,па на него нема шо да се расипи да го е**м.И јас возев Рено(кое важи за расипливо возило) 5 1.6 обичен дизел и имавме поминато над 350Ккм...Сите дефекти кои ги имаше беа предизвикани лично од мене или од брат ми...

Z128:
Имајќи ја предвид намерата на VAG да стане најголем прозводител на светско ниво, очекувано е тоа да се одрази на квалитетот. Тој тренд е започнат, за жал.

Навигација

[0] Индекс на пораките

[#] Следна страница

[*] Претходна страница

Оди на целосна верзија